19 Декември, 2025
0.0537

ТВРДИ ДЕКА САКАЛЕ ДА ГО ОЦРНАТ: Хајрулахи вели дека истрагата против него била за да го замолчат

Објавено во: Македонија 12 Ноември, 2024 16:15

Добивај вести на Viber

Суспендираниот шеф на Вишото јавно обвинителство, Мустафа Хајрулахи, против кој обвинителството во Штип отвори истрага за мобинг и злоупотреба на службената должност обвинува дека целиот случај има заднина. 

Тој го спомена државниот обвинител Љупчо Коцевски и една обвинителка, која како што кажа има претензии да го заземе неговото место. Хајрулахи не сакаше да каже дали се работи за обвинителката Фатиме Фетаи. Вели дека не знае кој од обвинителите, му поднел пријава за малтретирање на работно место. Како што кажа, кривичната е поднесена на 31 октомври. 

„Дојдоа кај мене тројца од четворицата обвинители од вишото и ми признаа дека имале инструкции и оти биле излажани, така им било кажано, да се оцрни мојата работа. Ми рекоа: обвинителе, ќе ве разрешат и ќе дојде на вашето место обвинителката која го сака тоа место“, објасни суспендираниот обвинител.

Уште еднаш кажа дека државниот обвинител Љупчо Коцевски му вршел притисок со цел обвинителството со кое тој раководи да ја потврди одлуката на обвинителството за организиран криминал и корупција за предметот оформен по кривичната пријава на ВМРО-ДПМНЕ, а станува збор за бонусите кои им ги делеше поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева на поранешните специјални обвинители.

Државниот обвинител Љупчо Коцевски ги отфрла обвинувањата од Хајрулахи. Од неговиот кабинет велат дека одлуката за суспензија била превентивна, да не влијае штетно врз работата на обвинителството со кое раководи.

фото принтскрин

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината