Тврдокорни бараат јавен отчет за тоа за што се преговара
Објавено во: Македонија 27 Февруари, 2017 13:23
Од здружението Тврдокорни бараат јавен отчет за тоа за што се преговара при составување на новата влада.
Велат дека по масовно поддржаниот најдостоинствено изведен марш насочен против долгогодишните антимакедонски политики кои својот врв го постигнуваат со класичното предавство извршено од македонските партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ околку „албанската платформа“, треба да се даде отчет.
„Бараме јавен отчет од „преговарачите“ за новата повеќе призренска отколку македонска Влада. Отчет не за што се преговара и договара туку зошто воопшто преговарате за обликување Влада под дрски противуставни и противмакедонски барања пропратени со инкриминирачки уцени? Преговори пропратени со целосно понижување на македонското достинство: да се откажеме од македонскиот карактер на Република Македонија. Зошто, некој да не мисли дека имаме страв или дека нешто им должиме на Албанците!? Некој да не мисли дека со по некоја закана какви што веднаш после маршот добивме туку така ќе се откажиме од Македонија!? Правото и законот никој не може да ги излаже, има само маловерни и нерешителни да се изборат за своите права. Легитимноста е најголемата и одлучувачка победничка сила. Секој договор кој е донесен под уцени е неважечки и како таков судски ќе биде нападнат. Дури и Рамковниот договор е противправен затоа што политичкото не го прави правно безправното“ - додаваат од здружението Тврдокорни.
Од политичарите бараат да престанат да се изживуваат со народот, и да објаснат зошто мораат да им удоволуваат на барањата на Албанците.
Можеби ќе ве интересира
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните
„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци




