Тврдокорни незадоволни од договорите на политичарите
Објавено во: Македонија 24 Февруари, 2017 17:57
Голем број граѓани се собраа денеска во дворот на Соборниот храм во Скопје за да го изразат својот револт затоа што политичарите според нив сакале да ја поделат Македонија.
Портпаролот на здружението „Тврдокорни“ Драган Угриновски, вели дека нивното здружение постои еден месец и дека на мирен начин сакаат да покажат дека се незадоволни од она што политичарите го договарале за Македонија. Не сакаат да ги поврзуваат со ниту една политичка партија.
Угриновски кажа дека нема да прифатат втор јазик, и сакаат одговор зошто по објавувањето на платформата на Албанците партиите молчеа. Бараат јасно да се каже што е договорено во Мала Речица. Вели дека платоформата е агресија од Тирана и Приштина.
Маршот ќе продолжи кон паркот Жена-борец каде што е предвидено пред споменикот на бранителите да се положи цвеќе.Настанот го обезбедува полиција, а маршот е наречен „Марш за Македонија – Завет за Македонија“.
Можеби ќе ве интересира
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните
„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци




