Добивај вести на Viber
Twitter ја купи маркетинг компанијата MoPub за околу 350 милиони долари, пишува Блумберг.
Со ова преземање, Twitter сака да ги зголеми своите приходи и до 2014 година да стигне до ниво од една милијарда долари. Со растот на приходите преку огласување, американската социјална мрежа сака да ја зголеми својата популарност затоа што на почетокот на следната година планира за прв пат да излезе на берза.