УАПСЕН Е РЕКТОР ВО УКРАИНА: Фиктивно запишал 300 студенти за да не одат во војна
Објавено во: Свет 15 Октомври, 2024
Украински ректор фиктивно запишал студенти на факултет за да не одат во војна.
Ректорот на еден од универзитетите во украинската Закарпатска област е приведен поради организирање на шема за фиктивен прием на 300 мажи на возраст за регрутирање, објави Укринформ, повикувајќи се на извори од органите на редот.
„Во Закарпатија неодамна беше уапсен ректор на универзитет поради организирање коруптивна шема за запишување на постари мажи во фиктивни академски програми“, рекол изворот.
Преку оваа шема биле примени околу 300 мажи. Официјални претставници рекле дека наскоро ќе ги објават сите детали за притворот и истрагата.
Укринформ потсетува дека украинското Министерство за образование и наука ќе ги промени правилата за прием на докторски програми во 2024 година, вклучително и со воведување нов минимален резултат за прием и политика што ги ограничува договорните докторски студии на вонредни или вечерни програми каде што нема одложување на воената служба.
Припадници на украинската армија влегуваат во ресторани, барови и концертна сала во Киев, ги проверуваат документите за воена регистрација и ги приведуваат мажите кои не се јавиле да служат војска, објавија странските меидуми.Објавени се и видеоснимки како украински офицери на 11 октомври се распоредени пред салата Палата на спортот во Киев, каде украинската рок група „Оушн Елзи“ имаше концерт. При излезот офицерите ги проверуваа документите и приведоа неколку мажи.
Сите украински мажи на возраст од 25-60 години имаат право на регрутација, а мажите на возраст од 18-60 години не смеат да ја напуштат земјата.
Американскиот институт за проучување на војната објави дека украинските сили зазеле позиции кои претходно ги зазеде руската армија во околината на Покровск, важен град во областа Доњецк.
Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година.
foto freepik.com
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.