19 Декември, 2025
0.0709

Уапсен „Командант Бреза“ по 22 години бегство

Објавено во: Македонија 03 Јуни, 2025 11:33

Добивај вести на Viber

Хамди Бајрамовски, познат како командант Бреза од скопското село Брест, по 22 години бегство, синоќа е уапсен, и спроведен во затворот „Скопје“ во Шутка.

Тој беше осуден за разбојништво и други кривични дела, по што, избега од Македонија и се бараше со меѓународна потерница. Уапсен е во скопско Ченто односно местото викано Камник, а за доизлежување има уште пет години затвор.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, акцијата ја извршиле припадници на Секторот за меѓународна полициска соработка.

„На 02.06.2025 на подрачјето на општина Гази Баба, полициски службеници го лишија од слобода Х.Б. (43) од Скопје. Лицето било барано по неколку потерници за издржување на казни затвор и за други постапки за тешки кривични дела“, соопштија од МВР

Бајрамовски е осуден на пет години затвор за разбојништво, како и на шест години за неовластено производство и трговија со дрога, а се терети и за низа други дела: изнуда, насилство, недозволено оружје и други.

Во 2005 година, при претреси кај командатот Бреза беа најдени купишта оружје. Од униформи, минофрлачи, гранати за РПГ, тенковски гранати до тешко воено оружје и 300 илјади парчиња куршуми.

Минатата недела беше објавено дека по 27 години бегство уапсен е и Ацо Боцевски, познат како Циганот во криминалното подземје.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот