УАПСЕНА Е ЖЕНА ОД ИНДИЈАНА: Се заканувала дека ќе се жртвува и ќе го убие Трамп
Објавено во: Свет 19 Август, 2025 18:58
Натали Роуз Џонс, 50, од Индијана, е уапсена во Вашингтон откако учествувала во протест пред Белата куќа и е обвинета за две кривични дела поврзани со нејзините закани, објави Дејли меил.
Американската обвинителка Џанин Пиро, сојузничка на Доналд Трамп и поранешна водителка на Фокс њуз, вчера објави дека Натали е уапсена и вети дека ќе „ја гони во најголема можна мера според законот“.
„Заканите за убиство на претседателот се меѓу најсериозните кривични дела и ќе бидат одговорени со брзо и непоколебливо гонење. Нема сомнение дека правдата ќе биде задоволена“, рече Џанин Пиро.
Невообичаените објави на социјалните мрежи од профилот на Натали Роуз Џонс, почнувајќи од 2 август, ги откриваат нејзините јасно пореметени закани и обиди да го отстрани Трамп од функцијата пред да отпатува во Вашингтон.
„Подготвена сум да се жртвувам себеси и да го убијам овој претседател со вадење на утробата и сечење на душникот заедно со Лиз Чејни и сите од „Афирмација“, пишуваше во објава од нејзиниот профил на 6 август.
Има и друг статус каде се заканува.
„Слушај ме, Доналд Џ. Трамп. Јас сум психотична“, напиша таа на 11 август.
Уште на 14 август, таа директно му се обратила на министерот за одбрана Пит Хегсет, барајќи од него да „одржи церемонија за апсење и отстранување на претседателот Трамп како терорист на американскиот народ од 10:00 до 14:00 часот во Белата куќа во сабота, 16 август 2025 година“.
Тајната служба спроведе „доброволно интервју“ со Натали Роуз Џонс на 15 август, за време на кое таа инсистираше дека Трамп е „терорист“ и „нацист“.
Во тоа интервју, таа наводно рекла дека ако ѝ се даде шанса, ќе го убие Трамп во „комплексот“, додавајќи дека има „сечило“ со кое може да „ја изврши својата мисија за атентат“.
Можеби ќе ве интересира
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




