Уапсена поранешната прва дама на Франција!
Објавено во: Свет 13 Март, 2015 21:50
Поранешната прва дама на Франција Валери Триервилер била одведена во полицијата откако удрила шлаканица на млад човек кој ја запрел на улица со прашањето: „Како е Франсоа?“
Инцидентот се случил во XV област на Париз, откако поранешната дама на претседателот Франсоа Оланд беше запрена на улица од младиот опозициски политичар Мохамед Ризки (33) со прашање како се чувствува претседателот. Во полицијата Триервилер објаснила дека младиот човек и поставил прашањето со „нагласено надразнување на тонот“ и откако таа го замолила со убаво да и се извини тој не го сторил, а таа му залепила шамар.
Малку подоцна Мохамед Ризки се пожалил во полицијата дека бил малтретиран на улица и затоа било потребно Триервилер да биде одведена во полицијата за расчистување на инцидентот.
Ова е втор случај во последните шест месеци, во кој поранешната прва дама се замешува во скандали на улица. Во септември таа ја удрила во лицето поранешната сопруга на министерот за финансии, Мишел Сапен - Валери де Сенвил, откако таа си дозволила да ја критикува автобиографската книга на Триервилер.
50-годишната поранешна прва дама на Франција беше наречена „Ротвајлер“ поради остриот карактер. Нејзината долгогодишна врска со Франсоа Оланд заврши во јануари минатата година, кога списанието „Closer“ ја откри аферата на претседателот со актерката Џулиен Гаести.
Можеби ќе ве интересира
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




