Уапсената докторка од Битола примила поткуп од 100 евра
Објавено во: Македонија 17 Јули, 2025 13:27
„Осомничената, доктор – офталмолог при ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола, побарала од лице од ресенско подарок во износ од сто евра за да изврши службено дејствие кое што секако би морала да го изврши, односно да изведе операција – отстранување на катаракта кај сопругата на пријавителот.
На 16 јули, таа го повикала пријавителот на одделението за офталмологија во болницата за да ги земе парите и да закажат операцијa. Тој и дал една банкнота од 100 евра која претходно била обележана, па веднаш откако осомничената ги примила парите полициски службеници извршиле претрес и кај неа ги пронашле парите.
Ценејќи ги сите околности во предметот и законските основи, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка куќен притвор за осомничената“, извести Обвинителството.
Претходно Министерството за здравство ја осуди постапката и итно ја суспендира
осомничената лекарка се додека трае истрагата, а менаџментот на ЈЗУ Клиничка
болница-Битола искажа загриженост и побара истражните органи транспарентно и
законито да постапуваат во овој случај.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




