Уапсената негувателка од битолскиот дом за доенчиња била под дејство на алкохол
Објавено во: Македонија 10 Јуни, 2022 11:40
Вработена во Домот за доенчиња и мали деца во Битола, која неодамна беше уапсена поради запоставување, за време на работа била во алкохолизирана состојба и врзала едно од децата во вреќа за спиење за кревет така што да не може да се движи, констатирал Народниот правобранител.
Од страна на раководството на установата превземени се соодветни дејствија и отпочнати се постапки кон вработената, поради таквото постапување. Според Народниот правобранител, со ваквиот однос на вработената се повредени повеќе членови од ратификуваните меѓународни конвенции.
Народниот правобранител очекува од надлежното Министерство да преземе мерки за најстрого санкционирање на ваквиот однос на вработената и во иднина да се води грижа за начинот на селекција на лицата кои се вработуваат во вакви установи и да го мониторира квалитетот на услугата која ја даваат вработените.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




