19 Декември, 2025
0.0390

Убиениот во Боливија бил бугарски државјанин, еве што пишуваат српските и боливиските медиуми

Објавено во: Македонија 14 Август, 2025 17:00

Добивај вести на Viber

Познат е целосниот идентитет на македонскиот државјанин кој заедно со двајца Срби беше убиен во јужноамериканската држава Боливија. Како што пренесуваат српските медиуми, станува збор за 43-годишниот Дејанчо Лазаревски од Струмица, познат под прекарот „Македонец“.

Покрај него, жртви на ликвидацијата се и Миљан Ѓекиќ (38) од Ниш, а третата убиена личност сè уште не е официјално идентификувана. Се претпоставува дека имала фалсификувани документи. Првичните сомневања укажуваат дека тројцата мажи биле вмешани во конфликт со локални нарко-картели, можеби во рамките на пресметка меѓу групи поврзани со таканаречениот „балкански картел“.

Телата на жртвите се пронајдени во куќа во населбата Петролеро Норте, во главниот град Санта Круз. Сите биле завиткани во големи црни најлонски кеси, што според истражителите укажува дека убијците планирале да ги отстранат, да ги закопаат или да ги пренесат на оддалечена локација.

Локалниот весник во Санта Курз, „Ел Дебер“ објави дека Лазаревски (43) бил бугарски државјанин, го потврдија и идентитетот на Ѓуриќ според документите кои ги имале кај нив. Исто така беше објавен резултатот од обдукцијата на трите тела.

„Обдукцијата извршена во судската мртовечница Пампа де ла Исла од страна на Институтот за форензички истражувања (IDIF) утврди дека една од жртвите починала од прострелна рана во главата. Другите две починале како резултат на повеќекратни повреди на главата и повеќекратни повреди предизвикани од траума со тап предмет, повреди што се конзистентни со акти на тортура“, вели обвинителот назначен за истрагата, Херланд Родригез.

Македонското Министерство за надворешни работи чека потврда од властите во Боливија за случајот. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот