Добивај вести на Viber
Во шок и неверување вработените на детската клиника во Скопје се вратија на секојдневните обврски по синоќешната кобна ноќ кога со сите сили се обидуваа да и помогнат на својата колешка која беше жртва на 22 годишното момче од село Петровец кое ја задави на покривот на клиниката и се обиде да се самоубие.
По вербална расправија која започнала уште по скалите кои водат кон покривот 22 годишниот убиец својата жртва ја убил во затворениот дел, а потоа ја изнел на отворено и застанал на самиот раб од покривот.
Ова го забележал случаен минувач кој случајот веднаш го пријавил кај обезбедувањето на клиниката.
Жртвата и осомничениот биле блиски познаници.зивееле дури и на иста адреса, на улицата десет во населбата Петровец, потврдуваат од МВР.
Осомничениот иако го признал убиствотво во полисцискиот распит не го кажал мотивот и намерата зошто дошол на клиниката.
Против него е поднесена кривична пријава за убиство, а по извршениот распит во втора постапка одредена му е мерка од триесетдневен притвор.