18 Јануари, 2025
0.0279

УБК неосвоива тврдина! Ни судски налог не ги пробива портите на тајната полиција

Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Ни со судски налог СЈО не успеа да пристапи до документите во Управата за безбедност и контраразузнавање. Тимот на Катица Јанева во текот на вчерашниот ден  ни можеше ни да и се приближи, а камоли да ја освои „тврдината“. Ноќеска во 1 часот обвинителките Јанева и Ристоска одржаа прес конференција пред МВР, на која соопштија дека раководството на УБК одбива да постапи по судска наредба.

„Веќе 12 часа сме во УБК, тапкаме во место и уште сме на мртва точка. Но, не заминувам одовде додека не биде спроведена судската наредба и додека физички издржувам“, изјави специјалната обвинителка Катица Јанева пред новинарите во 1 часот по полноќ пред зградата на МВР.

Специјалната јавна обвинителка додаде дека не се откажува и ако треба и до јануари нема да замине од УБК, се додека не ги добие доказите кои се потребни.

Обвинителката Ленче Ристоска објасни дека СЈО, по наредба на Основниот суд Скопје 1, а по претходно барање на Специјалното јавно обвинителство, побарало да ги добијат сите маркирани броеви кои биле предмет на прислушување, а за кои од СЈО се сомневаат дека се и во сегашниот систем.

„Со судска наредба бараме да ги обезбедиме во УБК сите податоци кои се наоѓаат во моменталните системи. Од досегашното постапување, УБК манифестира недостиг на технички и човечки капацитети, не сакаме да инсинуириме кои се мотивите“, изјави Ристоска.

Додека обвинителите и истражителите на СЈО биле во УБК, постојано бил присутен директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, кој рекол дека е таму зашто се грижел за полицајците кои се во просториите на Управата, а дополнителниот заменик министер Оливер Андонов „покажал целосно непочитување“, па дури не се ни поздравил со обвинителите од СЈО.

Андонов: Јанева ја доведе до прашање националната безбедност

Во 2 часот по полноќ ноќеска со изјава излезе и дополнителниот заменик министер Оливер Андонов, кој рече дека Катица Јанева за да ја оправдала својата нестручност се обидела да манипулира дека некој не сака да соработува, па за да создаде тензија ја ангажирала и единицата Алфа, а во тоа и помогнал министерот Оливер Спасовски.

„Загрозена беше национална безбедност бидејќи Јанева ги бараше сите податоци од период 2008 до 31.12.2015 година. Имајќи во предвид дека се уште некои посебни истражни мерки траат не можеше да се обезбеди соодветно издвојување на податоците со кои може да се запознае обвинителството. Истите податоци Јанева инсистираше да ги добие што на тежок начин можеше да доведе до загрозување на животот на оперативните работници кои се уште работат на терен“, изјави Андонов.

Тројца обвинители на Специјалното јавно обвинителство вчера утрото влегоа во Управата за безбедност и контраразузнавање со судски налог за да ги земат сите наредби за прислушување (т.н. ПИМ мерки) издадени од 2008 до 2015 година.

Јанева изјави дека документите и доказите од УБК ги барале од 8 март, но дека не успеале никако да ги добијат, па затоа побарале судски налог. Но, засега ни тој не им овозможи пристап во најзатворената институција во државава.

Ј.М.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Трагедија ја потресе Македонија, бебиња близнаци починаа поради премрзнување

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Трагедија ја потресе Македонија, бебиња близнаци починаа поради премрзнување

САРАЕВО ВО 10-ТЕ НАЈЗАГАДЕНИ ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ: На која позиција е Скопје вечерва?

САРАЕВО ВО 10-ТЕ НАЈЗАГАДЕНИ ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ: На која позиција е Скопје вечерва?

РОКАС: Северна Македонија треба да го искористи моментумот на посветеност на проширувањето на EУ

РОКАС: Северна Македонија треба да го искористи моментумот на посветеност на проширувањето на EУ

МАКЕДОНСКА ЗЕЛКА Е УНИШТЕНА ВО ХРВАТСКА: Откриен е опасен пестицид

МАКЕДОНСКА ЗЕЛКА Е УНИШТЕНА ВО ХРВАТСКА: Откриен е опасен пестицид

МУЦУНСКИ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА БУГАРСКИОТ КОЛЕГА: Mожно ли е затоплување на односите?

МУЦУНСКИ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА БУГАРСКИОТ КОЛЕГА: Mожно ли е затоплување на односите?

МОМЧЕТО КОЕ ДОЖИВЕА СТРУЕН УДАР Е ВО БОЛНИЦА: Каква е неговата состојба?

МОМЧЕТО КОЕ ДОЖИВЕА СТРУЕН УДАР Е ВО БОЛНИЦА: Каква е неговата состојба?

(ФОТО) МИЦКОСКИ: Пуштена е во употреба железничката пруга Куманово-Бељаковце, во должина од над 30 километри

(ФОТО) МИЦКОСКИ: Пуштена е во употреба железничката пруга Куманово-Бељаковце, во должина од над 30 километри

СРБИЈА: Полицијата го фатила 37-годишниот возач oд Македонија додека се движел со брзина повеќе од 100 километри над дозволеното

СРБИЈА: Полицијата го фатила 37-годишниот возач oд Македонија додека се движел со брзина повеќе од 100 километри над дозволеното

„НЕРАЗУМНОТО РАСФРЛАЊЕ НАРОДНИ ПАРИ ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ ПРОДОЛЖУВА“: Левица со остра реакција, еве колку пари се трошат секоја година

„НЕРАЗУМНОТО РАСФРЛАЊЕ НАРОДНИ ПАРИ ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ ПРОДОЛЖУВА“: Левица со остра реакција, еве колку пари се трошат секоја година