24 Ноември, 2024
0.0611

УЧЕНИЦИТЕ ПРЕДВРЕМЕ СЕ ИЗРАДУВАА: Зимскиот распуст ќе почне на 30. декември, а не две недели порано

Објавено во: Македонија 17 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

По низата гласини дека зимскиот распуст за учениците во основните и средните училишта ќе почне на 15.декември поради актуелната криза со епидемијата на корона вирусот, голем број родители се обратија до редакцијата на Фактор за да добијат конкретни информации.

-Ако е навистина така, тогаш децава навистина оваа година нема ништо да научат. Почнаа во октомври, а веќе на социјалните мрежи се зборува за распуст на 15.декември. И што ќе се види од нивното образование?.

Ова се само дел од реакциите на некои од родителите кои сметаат дека е прерано распустот да почне во средината на следниот месец. Фактор побара одговори од Министерството за образование, од каде велат дека таквите тврдења се сосоема неточни и дека како и секоја претходна година, зимскиот распуст ќе почне на 30.декември, особено поради фактот дека училиштата не се трансмитери на заразата.

-Траењето на учебната и наставната година, односно почетокот и крајот на првото и второто полугодие е дефинирано во календарите за организација и работа на основните и средните училишта за 2020/2021. Првото полугодие трае до 30 декември, додека второто започнува на 21 јануари 2021 година. Согласно сите податоци досега произлезени од следењето на ситуацијата со пандемијата, училиштата не се трансмитери на заразата. Извештаите кои ги добиваме на дневна основа, покажуваат дека бројот на заразени ученици и наставници е помалку од 1 процент од сите кои следат настава со физичко присуство. Тие веднаш одат во домашна изолација и се вклучуваат во онлајн настава, со цел непречена реализација на воспитно образовниот процес. Планот и протоколите се покажаа како добро обсмислени низ еден инклузивен пристап со учество на бројни засегнати чинители. Учебната година засега се спроведува успешно и очекуваме така и да заврши.

Во однос на тоа дали се надминаа првичните проблеми со функционирањето на Националната платформа за онлајн настава, од Министерството за образование за Фактор посочуваат дека сега само 10 отсто од учениците не поседуваат ИТ опрема или интернет мрежа. Сите останати, успешно следат онлајн настава.

-Над 90% од учениците успешно се вклучени во онлајн настава. Мал е бројот на ученици кои не поседуваат ИТ опрема или имаат недостиг на интернет мрежа и за истите има 15 минутни часови на Националната телевизија. Дополнително, наставниците се во постојана комуникација со нив и нивните родители и им доставуваат печатени материјали за едукација. Во меѓувреме, МОН во соработка со локалните самоуправи, училиштата и бизнис заедницата се заложува за обезбедување еднакви услови за едукација на сите ученици во овие вонредни околности, истакнуваат од МОН.   

Во однос на начинот на оценување пак, Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образование веќе ги ги известиле училиштата за начинот на следење и оценување на учениците во периодот на реализација на наставата во услови на пандемија.

-При формирање на оценката ќе се следат упатствата утврдени од Бирото за развој на образование на почеток на учебната година. Наставниците тука имаат јасно утврдени насоки со кои ќе се заштити  квалитетот на процесот на формирање на оценката. Во случаите кадешто од различни причини не може да се формира оценка онлајн, треба да се организираат индивидуални средби со овие ученици, преку наставниците кои ќе ги следат нивните постигнувања и ќе ја формираат оценката. Со оглед на тоа што наставата оваа учебна година започна на 1 октомври, препораката на Бирото за развој на образованието и Државниот просветен инспекторат е првите сумарни оценки за секој ученик да бидат изведени до 20 ноември, соопштуваат од МОН.

МОН и БРО апелираат до наставниците да го прилагодат оценувањето на учениците согласно учењето на далечина. Велат и дека е потребно да се постават јасни насоки во врска со очекуваните резултати од учењето и начинот на следење, контролирање и вреднување на постигнувањата на учениците во овој период.

-Во рамки на формирањето оценка треба да се задаваат автентични задачи кои ја елиминираат можноста за готови одговори од наставните материјали, или од други извори на информација, а во задачите со кои се проверува познавањето и разбирањето на фактите треба да се обезбеди контрола на времето за решавање на задачите. Дополнително, наставникот може да направи табела за докази/продукти што ученикот ќе ги испрати како дел од електронското портфолио што ќе се оценува. Притоа критериумите за оценување, начинот на достава и роковите за достава треба да бидат јасно комуницирани до учениците и родителите, велат од МОН за Фактор.

Линк до Упатство за наставниците за начинот на оценување на учениците:https://www.bro.gov.mk/wp-content/uploads/2020/09/Upatstvo_za_nastavnicite_za_ocenuvanje.pdf

Анита Буховски


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

АХМЕТИ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Без Албанците, Северна Македонија нема иднина

АХМЕТИ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Без Албанците, Северна Македонија нема иднина

ВЕНКО: Нема волшебно решение преку кое СДСМ ќе биде владејачка партија

ВЕНКО: Нема волшебно решение преку кое СДСМ ќе биде владејачка партија

БЕШЕ ГРАДОНАЧАЛНИК НА КРИВА ПАЛАНКА: Почина Борјанчо Мицевски

БЕШЕ ГРАДОНАЧАЛНИК НА КРИВА ПАЛАНКА: Почина Борјанчо Мицевски

ФРАНЦУСКИОТ АМБАСАДОР ВО ЗЕМЈАВА: Нашиот интерес е да не дозволиме Русија да ја добие војната во Украина

ФРАНЦУСКИОТ АМБАСАДОР ВО ЗЕМЈАВА: Нашиот интерес е да не дозволиме Русија да ја добие војната во Украина

ЗА ДА СЕ НАМАЛИ ЗАГАДУВАЊЕТО НА ВОЗДУХОТ: Кавадарци бара обиколница

ЗА ДА СЕ НАМАЛИ ЗАГАДУВАЊЕТО НА ВОЗДУХОТ: Кавадарци бара обиколница

ИЗБОР НА НАЈВИСОКИТЕ ТЕЛА НА ПАРТИЈАТА: СДСМ денеска ќе го одржи 30. Конгрес

ИЗБОР НА НАЈВИСОКИТЕ ТЕЛА НА ПАРТИЈАТА: СДСМ денеска ќе го одржи 30. Конгрес

ПОЛИЦИСКИТЕ БИЛТЕНИ СЕ ПОЛНИ СО ПРИЈАВИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО: „Сивата бројка“ на непријавени случаи е многу поголема

ПОЛИЦИСКИТЕ БИЛТЕНИ СЕ ПОЛНИ СО ПРИЈАВИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО: „Сивата бројка“ на непријавени случаи е многу поголема

СЕ ОЧЕКУВА СТУДЕНО ВРЕМЕ: Teмпературата ќе се спушти под -10 степени

СЕ ОЧЕКУВА СТУДЕНО ВРЕМЕ: Teмпературата ќе се спушти под -10 степени

МАКЕДОНИЈА СЕ РАЗБУДИ СО ЗАГАДЕН ВОЗДУХ: Кичево и делови од Скопје најзагадени

МАКЕДОНИЈА СЕ РАЗБУДИ СО ЗАГАДЕН ВОЗДУХ: Кичево и делови од Скопје најзагадени