18 Декември, 2025
0.0704

Учениците веќе требаа да учат, на 15. Ноември да бидат распуштени: Д-р. Пановски за Фактор

Објавено во: Македонија 01 Септември, 2020 07:04

Добивај вести на Viber

За корона вирусот експертите секојдневно имаат нови сознанија, иако овој вирус и понатаму останува мистерија. Во раговор за Фактор, микробиологот д-р. Никола Пановски открива дека ковид има мутации во однос на преносливоста, нагласувајќи дека и покрај тоа што во Македонија се уште има трицифрени бројки на новозаразени на дневна основа, пациентите со тешка форма на заболувањето се во многу помал број.

-Како што претходно беше докажано, ковид се пренесува со издишани респираторни капки, заради што постојано се говори да се носат заштитни маски и да нема близина меѓу луѓето, односно да се држи тоа потребно растојание од околу 2 метра, за кое научниците сметаат дека не постои ризик од трансмисија. Она што можам сега да го кажам е дека, во текот на летово, освен тоа што Ковид ја загуби првичната јачина, па од најголемиот број новозаразени, случаите се со многу полесна клиничка слика, намалена е и смртноста, бидејќи пациентите примаат терапија со антикоагуланси, вели д-р. Пановски во нашиот разговор.

Истовремено, тој потенцира дека корона вирусот се пренесува и преку аеросолите кои се распрскуваат во воздухот, но на отворен просторнема толкава инфективна доза, па затоа ризикот од ширење на заразата меѓу луѓето е многу помал.

-Ризични се затворените простори. Кај нас веќе има примери со низата прослави, кога едно лице заразуваше десетици други затоа што на едно место беа групирани голем број луѓе. Во затворен простор каде што гласно се зборува, се пее, меѓу луѓето нема простор, сите се еден до друг, опасноста од заразата е на највисоко ниво. Тоа не е случај на отворен простор, вирусот ја нема таа јачина, практично аеросолите се раствораат во воздухот, па дури човек и да се зарази, симптомите и самата болест се многу послаби, истакнува д-р. Пановски.

Затоа, како што појаснува микробиологот, до сега училиштата требаше да работат, учениците да бидат на настава, на отворено.

-Се загуби драгоцено време, мерките беа многу појаки на почетокот, а потоа наеднаш олабавени, што и не доведе во оваа ситуација со трицифрени бројки во текот на цело лето. Училишната година до сега можеше да се одвива и немаше да има огромни ризици од зараза меѓу учениците. Според мене 1.октомври е доцна да почнат учениците да одат во школо, тие практично треба на 15.ноември да бидат распуштени, токму во оној критичен период за настинки и други респираторни заболувања присутни во текот на есенските месеци, вели д-р. Пановски.

Според експертите и досегашните научни сознанија, главниот виновник за ширењето на вирусот е блиската интеракција со луѓето во подолг временски период, аоже да влезе во телото преку очите, носот или устата , појаснуваат епидемиолозите кои од почетокот на пандемијата прават истражувања за преносливоста на ковид.

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери