19 Декември, 2025
0.0478

УЧЕНИЦИТЕ ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА СЕ ОСЛОБОДУВААТ ОД НОСЕЊЕ МАСКИ: Најнова препорака на Комисијата за заразни болести

Објавено во: Македонија 16 Март, 2022 13:33

Добивај вести на Viber

Комисијата за заразни болести по денешниот состанок соопшти кои нови препораки ќе ги достави до Кризниот штаб, односно до Владата, откако детално ја разгледале епидемиолошката состојба во Македонија во измината недела.

-Врз основа на новиот алгоритам препорачуваме учениците да бидат ослободени од носење маски во основните училишта, но не се ослободуваат наставничкиот и техничкиот персонал, соопшти на прес-конференција претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски.

Истовремено, тој соопшти дека децата практично ќе имаат избор, ако некој сака да носи маска, секако дека може да ја носи, но генерално препорачуваат, мерката задолжително носење маски за време на наставата се укинува.

„Ако некој сака да носи маска, дома има возрасни членови на семејство, кои сака да ги заштити, не е забрането да носи маска. Но, задолжението, обврската ја укинуваме“, рече Петличковски, додавајќи дека за оваа нивна одлука имало дискусија и била донесена со големо мнозинство од членовите на Комисијата.

Во моментов, како што информираше портпаролот на КЗБ, д-р Злате Мехмедовиќ, параметрите од новиот алгоритам според кој се следи епидемиолошката состојба, земјава се наоѓа во зелена зона.

-Следењето на тие параметри продолжува активно и доколку видиме дека има било какво влошување на епидемиолошката состојба, или зголемување на епидемиолошкиот ризик, тогаш истите мерки, кои беа претходно, можат да се вратат на сила. Но, на ваков начин, постепено олабавувајќи ги мерките, согласно епидемиолошкиот ризик, доколку успееме да ја контролираме на терен епидемиолошката состојба, сметаме дека можеме да не се доведеме во ситуација во која се доведоа земјите како Германија, Австрија, Велика Британија и Данска, каде имаше нагло зголемување на бројот на новозаразени, хоспитализирани и починати“, потенцираше д-р Мехмедовиќ.

Инаку, Комисијата за заразни болести денеска препорача уште две мерки и тоа во однос на капацитетот на исполнетост на затворени објекти. Во театрите, операта и така натаму, капацитетот од 50%, сега препорачуваат да биде 75%, и последната мерка е во однос на сертификатите, кои според новата препорака не мора да се покажуваат во угостителските објекти, но само во отворените делови.

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината