11 Октомври, 2024
0.0273

Училишната година денеска започнува со штрајк, родителите на првачињата најзатекнати

Објавено во: Македонија 02 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Голем дел од наставниците и професорите од основните и средните училишта денеска ќе земат учество во предупредувачкиот штрајк на СОНК, што значи дека учениците немаат обврска да присуствуваат во училиштата на првиот ден во новата училишна година 2019/2020. Најзбунети од сите останаа родителите кои треба да испратат првачиња и се уште не знаат дали ќе има организиран прием во училиштата. Некои од родителите сведочеа дека до доцна вечерта не знаеја дали треба да ги носат децата во училиште.

Преговорите до последен ден со Министерството за образование не дадоа резултат, по што синдикатот  остана на одлуката за предупредувачки штрајк кој ќе биде одржан денес откако од Министерството за образование не ја променија одлуката платата да им се покачи само 5 отсто, односно не повеќе од тоа во догледно време.

„Јас имам и прваче и ученик од погорно одделение. Во петокот наставничката извести дека ќе се оди во понеделник и дека децата ќе имаат еден час како ис екоја година кога почнува учебната година. За првачињата беше најавено дека ќе се примаат во 9 часот. Вчера до вечерта никој не потврди дали да ги носиме, а немаше информација и на интернет страницата на училиштето, вели родител чии деца учат во училиште во скопската општина Карпош.

Наставниците и професорите од основните и средните училишта ќе дојдат на своите работни места, но нема да ги прифаќаат учениците на настава. Од СОНК велат дека наставниот кадар ќе престојува во просториите  предвидени за штрајк, а во училиштата нема да се одржуваат никакви активности.

„Сите наши членови ќе дојдат на работа, ќе бидат во една просторија додека трае работниот ден, но нема да ги прифатат децата кои ќе дојдат на училиште. Ова ќе биде предупредувачки штрајк. Од вторник наставниците ќе одржуваат настава, но бараме преговори со Владата за исполнување на нашето барање за покачување на платите на просветните работници за 25 отсто. Ако до крајот на септември не се исполни нашето барање, во октомври ќе излеземе на штрајк“, рече Јаким Неделков, претседателот на СОНК.

Министерот за образование, Арбр Адеми, на вчерашната прес-конференција рече дека МОН и Владата остануваат на ставот дека наставниците треба да си ја завршат работата, а родителите и учениците да дојдат на првиот училишен ден од новата учлилишна година.

„Ние ги почитуваме одлуките на СОНК и на било кои одлуки. Учениците да бидат ви училиштето. Решение ќе има, ќе има и идно покачување на платите. Наставниците да си ја завршат работата, а родителите и учениците да дојдат во училиште“, нагласи министерот.

Адеми наведе дека не се памети кога некој синдикат организирал штрајк во услови кога им се зголемуваат платите на работиниците.

Тој им посака успех на околу 20.000 деца кои утре за прв пат седнуваат во училишните клупи и додаде дека во последната година платата на просветните работници е зголемена севкупно во просек за над 10 отсто.

„За одобрување на материјалниот статус на вработените сме превземале многу, но исто така и за условите во кои учат нашите деца. Во последната година имаше над 10 отсто покачување на платите. Попрецизно 10,8 отсто.

Остануваме на ставот како МОН и Влада да продолжиме со преговорите со СОНК и сите други чинители. Сме покажале дека сме на страната на вработените. Со новиот закон за наставници и стручни соработници со кој за секое зголемено скалило на напредување ќе има зголемување на платата од следната година“, реагираше министерот.

Од Синдикатот велат дека кон предупредувачкиот штрајк можат да се приклучат и оние кои не се членови на синдикатот, бидејќи законот тоа им го дозволува. Од СОНК се незадоволни од покачувањето на платата на наставниот кадар од 5 проценти и бараат тој да биде усогласен со покачувањето на минималната плата во земјава, односно до 25%.

До Синдикатот стигнале и пријави за притисоци врз наставниците. Како што рече претседателот на СОНК Јаким Неделков, одредени директори и заменици директори усно им наредувале на наставниците да ги примат децата на настава во текот на утрешниот ден и да организираат приредби за првачињата.

Можеби ќе ве интересира

ПАЃААТ ТЕМПЕРАТУРИТЕ: Викенд временска прогноза

ПАЃААТ ТЕМПЕРАТУРИТЕ: Викенд временска прогноза

ФОН ДЕР ЛАЈЕН ПОВТОРНО ДОАЃА ВО СКОПЈЕ: Можна причина оделувањето на Албанија од Македонија

ФОН ДЕР ЛАЈЕН ПОВТОРНО ДОАЃА ВО СКОПЈЕ: Можна причина оделувањето на Албанија од Македонија

Одбележан Денот на народното востание - 11 Октомври - пораки за обединување и борба за просперитетна држава

Одбележан Денот на народното востание - 11 Октомври - пораки за обединување и борба за просперитетна држава

„КОМИТИТЕ ГИ УДРИЈА КРВАВИТЕ ТЕМЕЛИ, ПАРТИЗАНИТЕ ЈА СОЗДАДОА, БРАНИТЕЛИТЕ ЈА ОДБРАНИЈА“: Еве како генералот Ангелов го честиташе празникот

„КОМИТИТЕ ГИ УДРИЈА КРВАВИТЕ ТЕМЕЛИ, ПАРТИЗАНИТЕ ЈА СОЗДАДОА, БРАНИТЕЛИТЕ ЈА ОДБРАНИЈА“: Еве како генералот Ангелов го честиташе празникот

МОСТОТ БЕЛАСИЦА ПАК СЕ ЗАТВАРА: Еве зошто

МОСТОТ БЕЛАСИЦА ПАК СЕ ЗАТВАРА: Еве зошто

БУГАРСКИ ПРОФЕСОР ВЕЛИ ДЕКА ВМРО ДПМНЕ Е СОЗДАДЕНА ДА ЈА ВРШИ ВАЛКАНАТА РАБОТА: Како што Австријците и Австриските Германци зборуваат на ист дијалект, така и „етничките Македонци“ и македонските Бугари зборуваат ист дијалект

ЗА КОВАЧЕВСКИ ДОБРО Е ШТО СЕ УКИНА БАЛАНСЕРОТ: Еве што вели екс премиерот

ЗА КОВАЧЕВСКИ ДОБРО Е ШТО СЕ УКИНА БАЛАНСЕРОТ: Еве што вели екс премиерот

СПОЕН ВИКЕНД ЗНАЧИ ХАОС НА БОГОРОДИЦА: Долга колона возила чека за излез од државата

СПОЕН ВИКЕНД ЗНАЧИ ХАОС НА БОГОРОДИЦА: Долга колона возила чека за излез од државата

ПОЧНА УВИДОТ ВО ЗГРАДАТА ВО ЧАИР: Пристапот до објектот се врши строго контролирано и се врши попис на предметите

ПОЧНА УВИДОТ ВО ЗГРАДАТА ВО ЧАИР: Пристапот до објектот се врши строго контролирано и се врши попис на предметите