УЧИЛИШТАТА ЌЕ ГИ ДЕЛАТ СВЕДИТЕЛСТВАТА НА 1. СЕПТЕМВРИ: Да се намали ризикот од ширење на вирусот
Објавено во: Македонија 20 Јуни, 2020 09:12
Министерството за
образование и наука во текот на вчерашниот ден донесе одлука сведителствата за оваа учебна година да бидат
доделени на учениците на 1.септември на стартот на новата 2020/2021.
Првично, учениците требаше да си ги земаат оценките на 26. јуни, но поради актуелната криза со корона вирусот и со се поголемиот број на новозаразени, оваа завршна активност на училиштата се одложува за од септември.
Дел од родителите со кои разговараше Фактор велат дека ова е сосема исправна одлука заради заштита на граѓаните од корона вирусот, и покрај тоа што училиштата имаат протоколи и спроведуваат превентивни мерки.
-Децата беа помалку разочарани што сега нема да си ги видат петките во сведетелствата, но јас како родител сметам дека ова е одлучен чекор на властите. Ќе се причека до септември, и онака во моментов тие документи не се итно потребни. За разлика од оние кои завршија девето одделение и матурантите на кои им се потребни документите за прием на факултетите, помалите може да почекаат да се радуваат на оценките, вели за Фактор, Весна Дамева, родител.
Сепак, според одлуката на Министерството за образование, сведетелствата ќе бидат издадени на оние ученици кои имаат потреба да се префрлуваат од едно училиште во друго, но за ова ќе треба претходно да се најават и да секако да ги преземат сите мерки за заштита при земање на сведетелствата.
А.Б.Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




