22 Ноември, 2024
0.1185

УЧИЛИШТАТА СЕ ПРАЗНАТ, АМБУЛАНТИТЕ СЕ ПОЛНАТ: Децата боледуваат од грипот, РСВ вирусот и бактериските инфекции

Објавено во: Македонија 09 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Сезоната на респираторни заболувања кај децата веќе го зема својот замав. Во голем дел од училиштата, одделенијата речиси и се преполовени. Амбулантските прегледи се значително зголемени, но има голем број деца кои мора да се хоспитализираат.

Според педијатрите, нешто кое и најчесто се јавува во овој период на годината поготово кај децата кои се и во училиштата и градинките e грипот, односно инфлуенцата.

-Таа е  акутна, многу заразна болест предизвикана од вируси на грип, при која доминираат симптоми на воспаление во форма на температура, интензивна главоболка, болки во мускулите и зглобовите, анорексија, повраќање, додека респираторните симптоми како кивање, болки грло, кашлица, се појавуваат подоцна. Вирусот се резмножува  на мукозната мембрана на горните и средните делови на респираторниот тракт, особено на душникот, предизвикувајќи хиперемија и некроза на епителот, губење на цилијарната активност. Во тешки случаи, се јавува хеморагично воспаление. За сето тоа време вирусот не поминува во крвта. Сите симптоми на болеста се резултат на инфламација . Токсинот на вирусот покажува тропизам кон нервната супстанција и кардиоваскуларниот систем, што ја објаснува постојаната главоболка и склоноста кон хипотензија и кардиоваскуларен колапс. Поради изразена некроза на мукозната мембрана, овозможена е суперинфекција со бактерии, така што инфекцијата со вирусот на инфлуенца може патогенетски да се подели во две фази; првиот, примарен вирусен, кој трае 3-5 дена, и вториот, секундарен, бактериски, кој понекогаш е истовремено, појаснува д-р Ангелчо Андоновски, специјалист педијатар.

Вели дека ваквата комбинација на вирус со бактериска инфекција, а пред се поради првичните симптоми,во некои случаи тешко е лекарите да се посомневаат на инфекција на респираторниот тракт.

По период на инкубација од 1-3 дена (најкраткиот е 8 часа), болеста започнува наеднаш со висока температура, до 40 степени, која се одржува 3-5 дена. Температурата е придружена со силна главоболка, особено во фронталниот дел, движењата на очните јаболка се болни, чувствува болка во мускулите и зглобовите, има чувство на слабост и се чувствува „како претепан“. Апетитот се намалува до анорексија и пациентот повраќа или има дијареа. Поради хипотензија, постои тенденција за колапс. Во спорадични случаи, тешко е да се посомневаме на инфекција на респираторниот тракт врз основа на овие симптоми. Само вториот или третиот ден се појавуваат симптоми на респираторниот систем во вид на кивање, затнат нос, конјунктивитис, болки во грлото, кашлица. Кашлицата првично е сува, понекогаш рапава, проследена со горечки болки зад градната коска поради трахеит. Кај некомплициран грип температурата трае 3-5 дена, а болеста завршува за 7-10 дена, вели д-р Андоновски, нагласувајќи дека родителите често пати може да ги помешаат симтомите со Ковид 19 .

Што се однесува пак до бактериските инфекции, стрептококните и стагилкокните инфекции се исто така чести и перзистентни поради меѓусебната контактибилност на децата во градинките и училиштата. Симтоматологијата во главно е лесно препознатлива појади појава на кивавица и болка во грлото. Доколку навреме не се откријат и доколку правилно не се третираат, постои опасност од сериозни компликации. Во овој период, посебно актуелен е и респираторниот синцицијален вирус (РСВ ) кој е малку познат вирус, а кој обично ги погодува децата. РСВ влијае на грлото, носот, белите дробови и респираторниот тракт. Се шири преку капки. Повеќето луѓе со инфекција имаат благи симптоми, кои се слични на обичната настинка. Според, д-р Андоновски, закрепнувањето трае две недели, меѓутоа, вирусот може да биде опасен за доенчињата  и за сите оние со ослабен имунитет.

-Во зависност од климата, вирусот се појавува во текот на есента, зимата и пролетта. Симптомите на инфекцијата може да бидат благи, како оние на обичната настинка, но некои пациенти може да имаат потешки симптоми и да развијат бронхиолитис и пневмонија. Еден до два отсто од новороденчињата кои имаат РСВ, а се помлади од шест месеци, треба да бидат хоспитализирани. Раните симптоми кај новороденчињата и децата се течење на носот, намален апетит, кашлица, која во подоцнежна фаза може да се претвори во отежнато дишење. Многу малите бебиња може да имаат различни симптоми од постарите деца и возрасните. Симптомите кај малите бебиња се , раздразливост, намалена активност, намален апетит, апнеја или запирање на дишењето за време на спиењето. РСВ инфекциите може да бидат опасни кај новороденчињата, особено кај оние кои се родени предвреме, помлади од шест месеци,  деца на возраст под две години кои имаат проблеми со срцето, белите дробови и невромускулните проблеми, деца кои имаат ослабен имунолошки систем, посочува докоторот.

Навремениот преглед и воспоставување на правилната дијагноза, како што вели д-р Андоновски, е потребно за правилна терапија за детето, а со тоа би се избегнале несакани последици вклучително и подолг престој во хоспитални услови.

Анита Буховски


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

„СИТЕ ЛИНИИ СООБРАЌААТ, ИСТО КАКО И ПРЕТХОДНО“: директорот на ЈСП, Кушовски потврди дека нафтата пристигнува

„СИТЕ ЛИНИИ СООБРАЌААТ, ИСТО КАКО И ПРЕТХОДНО“: директорот на ЈСП, Кушовски потврди дека нафтата пристигнува

ОТВОРЕН НОВ ЦЕНТАР ВРЕДЕН 48 МИЛИОНИ ЕВРА - „Подравка“ го заклучи најзначајниот инвестициски циклус

ОТВОРЕН НОВ ЦЕНТАР ВРЕДЕН 48 МИЛИОНИ ЕВРА - „Подравка“ го заклучи најзначајниот инвестициски циклус

„КРИВИЧЕН ПРОГОН БИ МУ ОДГОВАРАЛ НА АПАСИЕВ, ДА МОЖЕ ДА ПРОДОЛЖИ ДА ГЛУМИ ЖРТВА“: Се огласи адвокатот Јанаки за насилството во Собрание

„КРИВИЧЕН ПРОГОН БИ МУ ОДГОВАРАЛ НА АПАСИЕВ, ДА МОЖЕ ДА ПРОДОЛЖИ ДА ГЛУМИ ЖРТВА“: Се огласи адвокатот Јанаки за насилството во Собрание

Тинејџерка усмрти жена во сообраќајка во Чаир

Тинејџерка усмрти жена во сообраќајка во Чаир

ПРИВРЕМЕНОТО ГОРИВО НЕ ГИ СМИРУВА СКОПЈАНИ – ПРОТЕСТ ЌЕ ИМА! Граѓаните го чекаат вистинското решение

ПРИВРЕМЕНОТО ГОРИВО НЕ ГИ СМИРУВА СКОПЈАНИ – ПРОТЕСТ ЌЕ ИМА! Граѓаните го чекаат вистинското решение

„ДО ПРОШКА НЕ Е ДОЈДЕНО, ШТЕКЛИ Е НА СПИСОКОТ ЗА ЛИКВИДАЦИЈА“: Шокантна изјава на ексначалникот Љубомир Ѓорчески

„ДО ПРОШКА НЕ Е ДОЈДЕНО, ШТЕКЛИ Е НА СПИСОКОТ ЗА ЛИКВИДАЦИЈА“: Шокантна изјава на ексначалникот Љубомир Ѓорчески

„НЕ МОЖЕ НИКОЈ НИШТО ДА НЕ МОЖЕ ПРОТИВ ГРАДОНАЧАЛНИК“: Георгиевски за Арсовска

„НЕ МОЖЕ НИКОЈ НИШТО ДА НЕ МОЖЕ ПРОТИВ ГРАДОНАЧАЛНИК“: Георгиевски за Арсовска

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата ќе позајми нафта, од утре превозот во Скопје се нормализира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата ќе позајми нафта, од утре превозот во Скопје се нормализира

ЗА СТАБИЛИЗИРАЊЕ НА СОСТОЈБИТЕ ВО ГРАДОТ: Советот предлага продолжување на дијалогот со ЗЕЛС и други јавни претпријатија

ЗА СТАБИЛИЗИРАЊЕ НА СОСТОЈБИТЕ ВО ГРАДОТ: Советот предлага продолжување на дијалогот со ЗЕЛС и други јавни претпријатија