26 Ноември, 2024
0.0552

УДАР ЗА ЕКОНОМИЈАТА: Кризата која ја предизвикаа Хутите ќе донесе поскапувања

Објавено во: Свет 27 Јануари, 2024

Добивај вести на Viber

Поради нападите на Хутите, во Суецкиот канал има намалување на сообраќајот за 39 отсто. 

Падот е во последните два месеци, а обемот на транспортираниот товар е намален за 45 отсто откако транспортот беше пренасочен поради нападите на јеменските бунтовници Хути врз трговските бродови во Црвеното Море.

Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој (УНКТАД) соопшти дека во неделата од 12 до 19 јануари преку Суецкиот канал бил превезен 82 отсто помалку товар во споредба со декември. УНКТАД, кој ги поддржува земјите во развој во глобалната трговија, предупреди дека товарните бродови на долги релации ризикуваат да ја зголемат инфлацијата, несигурноста на храната и зголемените емисии на стакленички гасови.

Шефот за трговска логистика на УНКТАД, Јан Хофман, во четвртокот објасни дека ефектите од повисоките трошоци за транспорт на стоки ќе се видат во цените на продавниците за околу една година.

Хофман изјави дека сега се нарушени три клучни глобални трговски патишта, вклучително и транспортот на жито и нафта поради руската инвазија на Украина, Панамскиот канал поради сушата и инвазијата на Хутите.

Обиколните рути кои транспортерите се приморани да ги употребуваат резултираат со одолговлекување на транзитот, како и зголемување на трошоците и емисијата на штетни гасови. 

Кина бара Иран да ги вразуми Хутите. Нафтен танкер гори во Аденскиот Залив, откако Хутите соопштија дека го погодиле со проектил.

САД и Британија веќе изведоа напади на позициите на Хутите. Инаку, Хутите вршат напади поради акцијата на Израел во Газа. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

СЕ СПРЕМА ЛИСТА НА БУНКЕРИ: Тензиите со Русија ги натера Германците да прават список за итни засолништа

СЕ СПРЕМА ЛИСТА НА БУНКЕРИ: Тензиите со Русија ги натера Германците да прават список за итни засолништа

ОПАСНА ИЗМАМА ВО ГЕРМАНИЈА, СЕ КРАДАТ ПОДАТОЦИ ОД БАНКАРСКИ КАРТИЧКИ: Измамниците имаат нов оригинален начин

ОПАСНА ИЗМАМА ВО ГЕРМАНИЈА, СЕ КРАДАТ ПОДАТОЦИ ОД БАНКАРСКИ КАРТИЧКИ: Измамниците имаат нов оригинален начин

ТУРИСТИ ИСЧЕЗНАА ВО ВОДИТЕ КАЈ ЕГИПЕТ: Бродот испратил сигнал за помош, па исчезнал од радарот (ФОТО)

ТУРИСТИ ИСЧЕЗНАА ВО ВОДИТЕ КАЈ ЕГИПЕТ: Бродот испратил сигнал за помош, па исчезнал од радарот (ФОТО)

„СТАТУСОТ НА ЕКИПАЖОТ СЕ УШТЕ СЕ РАЗЈАСНУВА“: се огласи ДХЛ по авионската несреќа, надлежните не исклучуваат „тeрористички напад“

„СТАТУСОТ НА ЕКИПАЖОТ СЕ УШТЕ СЕ РАЗЈАСНУВА“: се огласи ДХЛ по авионската несреќа, надлежните не исклучуваат „тeрористички напад“

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

ДЕТАЛИ ЗА СТРАШНАТА АВИОНСКА НЕСРЕЌА ВО ЛИТВАНИЈА: Пилотот загина, неколкумина се повредени - удрил во станбена зграда

ДЕТАЛИ ЗА СТРАШНАТА АВИОНСКА НЕСРЕЌА ВО ЛИТВАНИЈА: Пилотот загина, неколкумина се повредени - удрил во станбена зграда

КУФЕРОТ НА „СУДНИОТ ДЕН“ МОЖЕ ДА ПОЧНЕ КАТАСТРОФА: Путин не се двои од него, а едно копче води до удар: „Европа е на неколку минути од Армагедон“

КУФЕРОТ НА „СУДНИОТ ДЕН“ МОЖЕ ДА ПОЧНЕ КАТАСТРОФА: Путин не се двои од него, а едно копче води до удар: „Европа е на неколку минути од Армагедон“

Кој е РФК - Потомок на династијата Кенеди со мисија за здрава Америка

Кој е РФК - Потомок на династијата Кенеди со мисија за здрава Америка

(ВИДЕО) ИМА РАЗЛИКИ: Американка ги споредува домовите во Исланд со тие во САД

(ВИДЕО) ИМА РАЗЛИКИ: Американка ги споредува домовите во Исланд со тие во САД