11 Јули, 2025
0.0355

УДАР ЗА РУСКИТЕ ЈУТЈУБ БЛОГЕРИ: Гугл ги укинува рекламите и монетизацијата во Русија

Објавено во: Економија 12 Август, 2024 20:59

Добивај вести на Viber

Гугл ги укинува рекламите и монетизацијата во Русија, вклучително и за руските Јутјуб блогери. 

Услугата на Гугл за контекстуално рекламирање AdSense ги прекинува своите операции на рускиот интернет и ќе ги деактивира сметките на руските корисници, соопштија денеска од Гул.

Ова е поврзано со цензурата на видео платформата Јутјуб во оваа држава што властите ја најавија по почетокот на руската инвазија на Украина. Јутјуб е во сопственост на Гугл.

„Ќе ги деактивираме сите AdSense сметки со Русија како нивна локација. Ова значи дека ќе биде невозможно да се заработува од монетизација преку такви сметки“, се вели во изјавата на тимот на Google Payments.

AdSense овозможува автоматско поставување на текстуални и графички реклами, кои контекстуално одговараат на информациите на веб-страниците каде се објавуваат.

Руските корисници на Јутјуб минатата недела се пожалија дека услугата за хостирање во нивната земја е целосно исклучена.

Многу руски блогери снимаа видео за тоа како санкциите влијаат на нивната земја. Оние кои ја напуштија земјата и заминаа во други држави, снимаа видеа за нивниот живот во Грузија, Ерменија, Казахстан и слично. 

Можеби ќе ве интересира

„ВГРАДУВАМЕ УШТЕ ЕДЕН ТЕМЕЛ НА ЕКОНОМСКА ДОВЕРБА“: Мицкоски го одбележа почетокот на турската инвестиција во ТИРЗ, на компанијата „Чагатај Кабло“

„ВГРАДУВАМЕ УШТЕ ЕДЕН ТЕМЕЛ НА ЕКОНОМСКА ДОВЕРБА“: Мицкоски го одбележа почетокот на турската инвестиција во ТИРЗ, на компанијата „Чагатај Кабло“

ПРОГЛАСИЈА БАНКРОТ ВО МАРТ, НО НЕ НАЈДОА РЕШЕНИЕ: познат моден ланец во Германија ги затвора продавниците

ПРОГЛАСИЈА БАНКРОТ ВО МАРТ, НО НЕ НАЈДОА РЕШЕНИЕ: познат моден ланец во Германија ги затвора продавниците

Позитивните трендови во побарувачката и понудата на кредити ги поттикнуваат банките да се прошират во регионот

Позитивните трендови во побарувачката и понудата на кредити ги поттикнуваат банките да се прошират во регионот

Колку не чини саемското претставување на ЕКСПО: Лани потрошени 168 илјади, за во Белград ќе се дадат 1,7 милиони евра

Колку не чини саемското претставување на ЕКСПО: Лани потрошени 168 илјади, за во Белград ќе се дадат 1,7 милиони евра

„Македонски навигации“ со нова тура вработувања, се нудат плати до 100.000 денари

„Македонски навигации“ со нова тура вработувања, се нудат плати до 100.000 денари

ВЕЛКОВСКИ: Не можеме да си играме со пензискиот систем

ВЕЛКОВСКИ: Не можеме да си играме со пензискиот систем

Нагло ќе поскапе кафето во САД ако царините на Трамп за увоз од Бразил останат

Нагло ќе поскапе кафето во САД ако царините на Трамп за увоз од Бразил останат

Цените на суровата нафта се намалија за два проценти - што ќе направи ОПЕК?

Цените на суровата нафта се намалија за два проценти - што ќе направи ОПЕК?

НИ ПРОЗОРЦИТЕ ВЕЌЕ НЕМА ДА БИДАТ ИСТИ: Која е земјата која воведува нови стандарди за становите?

НИ ПРОЗОРЦИТЕ ВЕЌЕ НЕМА ДА БИДАТ ИСТИ: Која е земјата која воведува нови стандарди за становите?