28 Мај, 2024
0.0262

Угостителите го испочитуваа работното време до 18 часот, но бараат државата да им возврати со олеснувања

Објавено во: Економија 13 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Угостителите вчера главно ја почитуваа вонредната мерка за скратено работно време до 18 часот, но за возврат побараа од државата да им ги намали даноците и другите давачки за одреден период поради финансиските импликации кои се очекуваат да се јават подоцна во нивното работење.

Кафе баровите, рестораните, казината и обложувалниците од вчера работат со скратено работно време со преполовен капацитет, односно масите во овие објекти треба да бидат на соодветна оддалеченост. 

Мишко Аниќ, еден од управителите на елитниот ресторан „Воденица Мулино“, ги повикува сите угостители на трпение и солидаризирање со новонастанатата ситуација, а за последиците да се размислува подоцна.

- Она што можам да го заклучам од денеска е тоа дека колегите навистина сакаат да помогнат да се надмине оваа ситуација и сите се согласни дека треба со наша поддршка да се сузбие оваа непогода. Ние брзо реагиравме на повикот и се прилагодивме на ситуацијата. Повикувам сите заедно да ја спречиме ескалацијата да не биде уште полошо и ако некој гледа ситни лични интереси во однос на конкуренцијата, да заборави на тоа. И порано имало кризи, но сега сите треба да бидеме сплотени и да делуваме активно, бидејќи тоа е од општ интерес, вели Аниќ.

Тој вели дека неговиот ресторан има 50 вработени, но дека нема намера да му се заблагодари на услугите на некому од работниците. Дел од нив биле ослободени од обврските и биле испратени дома за да се грижат за своите деца до 10 години.

- Ние не се жалиме од тековните загуби кои ги трпиме, но бараме од државата да возврати со поддршка и да има разбирање за нас. Очекувам да ни излезе во пресрет со даночни олеснувања за овој период, бидејќи нашите трошоци се фиксни. Тие не се намалуваат доколку помалку работи ресторанот. Не очекувам помошта да биде од тој степен како што се најавува во Италија, која за ова ќе добие и финансии од фондовите на ЕУ, но државата треба да има слух за нашата фела, смета Аниќ.

Според она што го видовме вчера доцна попладне, популарните кафе-барови, кафеани и ресторани, кои инаку важат за доста прометни, строго го почитуваа терминот од 18 часот и последните сметки ги наплатуваа пред препорачаното време. Имаше и такви кои не брзаа да затворат на време, но сите се согласни дека оние што сакаат да се напијат кафе, да порачаат скара или да вкусат одреден специјалитет, ги има многу помалку.

Здружението на угостителството и туризмот, Туристичко-угостителска комора на Македонија, Стопанска комора за туризам на Македонија, Здружението на хотели, ресторани, кафетерии и автокампови - ХОТАМ и Националната асоцијација за дојдовен туризам - НАИТМ веќе доставија до Министерството за економија предлог-мерки за ублажување на негативните последици од Корона вирусот по дејноста. Претставниците на бизнис секторот рекоа дека загубите може да достигнат и до 80 проценти. 

Александар Кузмановски

Можеби ќе ве интересира

ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА РОМАНЦИТЕ: Државата ги зголеми најниските плати за 10 проценти

ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА РОМАНЦИТЕ: Државата ги зголеми најниските плати за 10 проценти

МИНИМАЛНА КОШНИЧКА: За една година трошоците за живот се повисоки за 200 евра

МИНИМАЛНА КОШНИЧКА: За една година трошоците за живот се повисоки за 200 евра

ВОЗАЧИ ПОЧЕКАЈТЕ ДО ПОЛНОЌ - цената на бензините се намалува, еве по колку ќе се продаваат горивата

ВОЗАЧИ ПОЧЕКАЈТЕ ДО ПОЛНОЌ - цената на бензините се намалува, еве по колку ќе се продаваат горивата

ЗАТВОРЕНИ АМЕРИКАНСКИТЕ И БРИТАНСКИТЕ БЕРЗИ: Скокна цената на нафтата, златото и пченицата

ЗАТВОРЕНИ АМЕРИКАНСКИТЕ И БРИТАНСКИТЕ БЕРЗИ: Скокна цената на нафтата, златото и пченицата

ЕДНА ОД НАЈПОПУЛАРНИТЕ АВИОКОМПАНИИ ГО НАМАЛУВА БРОЈОТ НА ЛЕТОВИ: Полетувањата од Белград ќе бидат променети на дури шест линии

ЕДНА ОД НАЈПОПУЛАРНИТЕ АВИОКОМПАНИИ ГО НАМАЛУВА БРОЈОТ НА ЛЕТОВИ: Полетувањата од Белград ќе бидат променети на дури шест линии

ФАКТОР АНАЛИЗА: Фирма која увезува јаглен за РЕК Битола со најголема добивка помеѓу новорегистрираните компании

ФАКТОР АНАЛИЗА: Фирма која увезува јаглен за РЕК Битола со најголема добивка помеѓу новорегистрираните компании

ТЕРМОЦЕНТРАЛИТЕ „ДИШАТ НА ШКРГИ“ – недостига квалитетен јаглен за да работат, но се ближи и нивниот крај

ТЕРМОЦЕНТРАЛИТЕ „ДИШАТ НА ШКРГИ“ – недостига квалитетен јаглен за да работат, но се ближи и нивниот крај

НЕ УСПЕА ОБИДОТ НА ПОМАЛИТЕ АКЦИОНЕРИ ЗА ПОГОЛЕМА ДИВИДЕНДА - „Гранит“ ќе дели по 42 денари за акција, еве кои се причините

НЕ УСПЕА ОБИДОТ НА ПОМАЛИТЕ АКЦИОНЕРИ ЗА ПОГОЛЕМА ДИВИДЕНДА - „Гранит“ ќе дели по 42 денари за акција, еве кои се причините

ПОСЛЕ ДЕВЕТ ГОДИНИ ГО МЕНУВААТ ДИРЕКТОРОТ - Бенедикт Шилдбред застанува на чело на „Теленор“

ПОСЛЕ ДЕВЕТ ГОДИНИ ГО МЕНУВААТ ДИРЕКТОРОТ - Бенедикт Шилдбред застанува на чело на „Теленор“