05 Декември, 2025
0.0502

УЈП: Дополнителните приходи да се пријават до 15-ти март

Објавено во: Мои пари 04 Февруари, 2013 14:17

Добивај вести на Viber

 “Биди тука до 15-ти март“ ова е мотото со кое Управата за јавни приходи апелира до сите граѓани кои оствариле дополнителен приход, освен приходи од плата, пензија, земјоделска и самостојна дејност, до 15-ти март да поднесат годишна даночна пријава.
Годишната даночна пријава е задолжителна доколку некој граѓанин во текот на минатата година остварил приход од кирија, авторски договор, дивиденда или камата по основ на заем, капитална добивка, добивка од игра на среќа, лични примања од странство и слично.
-Оние граѓани кои во текот на годината оствариле приходи само од плата, пензија, земјоделска и самостојна дејност немаат обврска да поднесат даночна пријава“,појасни Весна Новаковиќ, шефица на канцеларијата за односи со јавност и комуникација на УЈП.
До 15-ти февруари, како што рече Мухедин Авдиќ, раководител на секторот за услуги на даночни обврзници во УЈП, сите фирми кои извршиле исплати должни се на физичките лица да им достават пресметки, врз основа на кои потоа тие ќе може да поднесат годишна даночна пријава.
-Законската обврска за поднесување на годишна даночна пријава започна од први јануари и ќе трае до 15-ти март. УЈП досега има обезбедено повеќе канали преку кои се врши поднесувањето на даночната пријава“, рече Авдиќ, додавајќи дека законските измени во даночната пријава во врска со капиталната добивка и оданочување на каматата не важи за оваа година.
Досега само илјада граѓани ја завршиле оваа обврска, која доколку до предвидениот рок до 15-ти март не ја извршат следуваат парични казни од 500 до 1.000 евра. Па така лани 33.868 граѓани не ја завршиле таа обврска по што биле соодветно казнети.
Минатата година, како што истакна Новаковиќ, биле евидентирани вкупно 174.030 граѓани што поднеле даночни пријави, додека нивните очекувања за оваа година се дека таа бројка ќе достигне 200.000.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје