16 Декември, 2025
0.1051

УЈП ги објави фирмите од аферата „Крмзов“ и имињата на косовските државјани кои биле крајни сопственици

Објавено во: Економија 26 Јуни, 2025 13:06

Добивај вести на Viber

Управата за јавни приходи вчера објави акт за „уредно доставување на налог за контрола за правните и одговорни лица“, со што истовремено откри четири фирми поврзани со притворениот струмички бизнисмен Ристо Крмзов, односно шемата за тоа како се префрлале сопственичките удели хронолошки, додека фиктивно се испумпувал поврат на ДДВ од државата.

Објавени се имињата на четири фирми, потоа имињата на соработниците на Крмзов кои ги пренесувале сопственичките удели и имињата на косовските државјани кои биле крајни сопственици. За некои од овие фирми веќе се пишуваше дека во изминатите години одеднаш рапидно им пораснале приходите, што алудира на тоа дека на можен фантомски начин се повлекувал што е можно поголем поврат на ДДВ. УЈП  во објавата дополнува дека налогот за контрола бил издаден на 17 јануари 2024

Според објавеното, ММР-Компани Струмица, управувана од Зуле Кармзова Василева, во 2022 прешла во сопственост на Лисав Компани од Качанички пат, Бутел, под управителот Арсим Бериша од Косово Поле. Винас Текстил Струмица со Горанчо Трајков како раководител од јуни 2023 со пренос на удел прешла во сопственост на Гамаши Компани на улица Прашка во Карпош, чиј управител бил извесен Беким Гаши од Гњилане. Арена Метал ЛТ Струмица со Трајков како одговорно лице преминала во октомври 2022 во сопственост на Анерас Компани од улица Прашка, Карпош, но со Едон Мемети од Урошевац како управител. Последна објавена фирма е Васил ВК Компани Струмица со Васе Панајотов како одговорен, чиј сопственички удел бил преземен од Лантус Комерц од Чаир, управувана од Бесим Руди од Гњилане.

Крмзов, под сомнение за тешки финансиски малверзации, од овој месец е ставен во триесетдневен притвор. Од Кривичниот суд, тој беше префрлен во истражниот затвор „Скопје“ во Шутка. Оваа мерка е изречена поради опасност од бегство, интервенирање врз сведоци и потенцијал да го повтори кривичното дело.

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски ден потоа на брифингот нагласи дека Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во врска со случајот „Крмзов“ води постапка против 23 физички и 15 правни лица, осомничени за злосторничко здружување, даночна измама, перење пари и несовесно работење. Според првичните проценки, штетата изнесува околу 90 милиони евра, а незаконските активности се реализирале преку фиктивни договори, манипулации со ДДВ и продажба на недвижности..

Обвинителката Верица Бержецка Крстева нагласи дека станува збор за голем број поврзани фирми со обемна документација. Таа информираше дека незаконските активности се реализирале преку фиктивни договори, манипулации со ДДВ и продажба на недвижности по екстремни цени. Деловните простории кои што биле продавани, како што дополни, се наоѓале во Струмица и сите се во сопственост на Крмзов.

- Осомничени се сметководители, управители на правни лица и инспектори на УЈП, а се разгледува можноста истрагата да се прошири со нови лица и временски периоди, дополни обвинителката.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи