14 Јуни, 2025
0.0329

УЈП и Обвинителството го гонат, ама бизнисменот Крмзов од Струмица за една година сврте 185 милиони евра со три фирми за конфекција

Објавено во: Економија 13 Мај, 2025 12:23

Добивај вести на Viber

Звучи неверојатно, но сите три фирми за продажба на конфекција на големо на струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов се на првите три места по најголеми остварени приходи за 2024 во Струмица.

Крмзов од изминатата година е под истрага од страна на Управата за јавни приходи, но токму во овој период трите фирми на „кралот на текстилот“ остваруваат вкупно приходи од 185 милиони евра од таканаречената продажба „на кило“ на облека.

„Минтикос Текстил“ е на првото место во Струмица со остварен приход од 67,45 милиони евра во 2024. Оваа компанија е основана во 2022, а од лани има подружница за продажба на текстил на големо под водство на Зуле Кармзова Василева како управител.

На второто место е „Крмзов-МР“, компанија со која оригинално се поврзани почетоците на работата на Крмзов. Иако официјалната дејност е изградба на згради, во суштина фирмата е позната по прговија на големо со текстил. Приходите се 62,7 милиони евра.

Трета е „Камилком СР“, исто така на Крмзов. Минатата година и оваа фирма, инаку регистрирана во 2022, регистрира подружница за продажба на конфекција на големо, ауправител е Васе Панајотов. Остварените приходи се 55,66 милиони евра.

Крмзов официјално не е обвинет, но во изминатиот период институциите излегуваа во јавноста со индиции и сомневања за злоупотреби тешки 15 милиони евра преку поврзани фантомски фирми за нереален поврат на ДДВ.

Негови компании беа опфатени со предистрага за даночно затајување и перење пари, а претставници на власта веќе јавно обвинија во овој случај дека има индиции за „епски криминал“. Тој обвини дека е жртва на локални моќници. Како што рече, „локални шерифи“ и од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ сакаат да го уништат него и неговиот бизнис.

Обвинителството отвори предистражна постапка во соработка со Министерството за финансии.Крмзов беше поврзан и со случајот „Еуростандард банка“ и илегални меѓународни трансакции, како и со шверц на брендирана облека. Последна информација од Обвинителството е дека во предистрагата е побарано одземање на пасош, рече тогаш државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Русинка откри колку троши нејзиното четиричлено семејство во Белград

Русинка откри колку троши нејзиното четиричлено семејство во Белград

Израелските напади врз Иран ги вивнаа цените на златото

Израелските напади врз Иран ги вивнаа цените на златото

СТАН ОД 19 КВАДРАТИ СЕ ПРОДАВА ЗА 152.800 ЕВРА: Дали ви делува прифатливо?

СТАН ОД 19 КВАДРАТИ СЕ ПРОДАВА ЗА 152.800 ЕВРА: Дали ви делува прифатливо?

ОТКАКО ИЗРАЕЛ ГО НАПАДНА ИРАН: За колку се зголемија цените на нафтата?

ОТКАКО ИЗРАЕЛ ГО НАПАДНА ИРАН: За колку се зголемија цените на нафтата?

ЛЕБОТ НИКОГАШ НЕ БИЛ ПОСКАП ВО НЕКОИ ДЕЛОВИ ОД ЕВРОПА: Ова се цените во 13 земји

ЛЕБОТ НИКОГАШ НЕ БИЛ ПОСКАП ВО НЕКОИ ДЕЛОВИ ОД ЕВРОПА: Ова се цените во 13 земји

Еминентни имиња, експерти со долгогодишно искуство – Формирано првото СОВЕТОДАВНО тело во Министерството за енергетика

Еминентни имиња, експерти со долгогодишно искуство – Формирано првото СОВЕТОДАВНО тело во Министерството за енергетика

ЕДС Инфо поинт: Берзанската струја за петок околу 76 евра за мегават час

ЕДС Инфо поинт: Берзанската струја за петок околу 76 евра за мегават час

КОНФЛИКТОТ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЌЕ ВЛИЈАЕ НА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: „Апсолутно ќе има влијанија“, вели Бислимоски

КОНФЛИКТОТ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЌЕ ВЛИЈАЕ НА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: „Апсолутно ќе има влијанија“, вели Бислимоски

Дали Николоски денес најави ново задолжување од 500 милиони евра од Унгарија?

Дали Николоски денес најави ново задолжување од 500 милиони евра од Унгарија?