УЈП: Од денес се поднесуваат барања за користење на мерките за мај
Објавено во: Економија, Корона Вирус 01 Јуни, 2020
Во месецот што измина Управата за јавни приходи прими, провери и обработивкупно 23 861барања за финансиска поддршка заисплата на плата на повеќе од 120 илјади вработени. Мал број на барања се сеуште во постапка на проверувањеи обработување, информираат од УЈП.
Само мерката финансиска поддршка за исплата на плати за месец април ја искористиле 19 350 компании за 127 426 вработени лица од кои:
- 42 компании кои имаат над 250 вработени ( за 26 680 вработени)
- 300 компании се со број на вработни од 51 до 250 ( за 27,635 вработени)
- 19,008 се компании со број на вработени од 1 до 50 ( за 73111 вработени)
Комбинација на мерката финансиска поддршка за исплата на плата и мерката субвенционирање на 50% од придонесите од задолжително осигурување ја искористиле 1427 компании со 10668 вработени , од кои 516 од дејноста транспорт, 724 од угостителство и 187 од туризами тоа:
- 3 компании со над 250 вработени ( за 478 вработени)
- 24 компании се со вработени од 51 до 250 (1 984 вработени)
- 1400 компании со број на вработени од 1 до 50 ( 8 206 вработени)
Само мерката субвенционирање на 50% од придонесите од задолжително социјално осигурување ја искористиле 1680 компании опфатени се 12 011 вработени лица и тоа:
- 3 компании се со над 250 вработени ( 846 вработени)
- 24 компании се со вработени од 50 до 250 ( 2082 вработени)
- 1653 компании се со вработениод 1 до 51 (за 9 083 вработени)
Мерката финансиска поддршка на физичко лице кое врши самостојна дејност е искористена од страна на 5.187 самовработени лица со поднесени комплетни барања за БФС-СВД.По оваа мерка на физичите лица кои вршат самостојна дејност одобрен им е и исплатен вкупен износ од 75.211.500 денари.
Користењето на финансиската поддршка од страна на работодавачите по региони како што ги администрира УЈП : Скопје 5787, Штипско 3310, Тетовско 3591, Струмичко 1372, Битолско 3252, Прилепско 2038.
Управата за јавни приходи за економските мерки кои ги спроведува отвори посебна електронска пошта finansiska.poddrska@ujp.gov.mk каде граѓаните, работодавачите, сметководителите и други заинтересирани страни добиваа одговори околу начинот на поднесување на самите барањата, статусот на барањето, исправање на грешки внесени во барањата и сл. На овој маил поставени над 2500 прашања кои од страна на даночните службеници се одговараат.
Мерката-ослободување од износот за плаќање на аконтации за данок на личен доход искористиле680даночни обврзници, а мерката ослободување од плаќање на аконтации на данок на добивка 818даночни обврзници и тоа: 165 од дејност транспорт; 126 од дејност угостителство; 86 од дејност туризам; 441 од останати дејности.Управата за јавни приходи како институција беше вклучена и во подготовката на третиот сет економски мерки каде претставници активно учествуваа во изготвување на Уредбите за финансиска поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица и здравствени работници преку издавање на домашна платежна картичка наменета за купување на македонски производи и услуги за време на вонредна состојба како и Уредбата со законска сила за финансиска поддршка за поттикнување на домашен туризам преку ваучери од 6000 денари.Управата за јавни приходи останува посветено да ги спроведува економските мерки за поддршка на граѓаните и стопанството за излез од здравствено-економската криза и враќање на нормалното функционирање на општествените текови.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.