19 Декември, 2025
0.0491

УЈП СО ВАЖНА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ

Објавено во: Македонија 23 Март, 2018 12:33

Добивај вести на Viber

Услугата „Закажи средб@“ овозможува секој даночен обврзник да закаже термин за остварување на средба со даночен агент во УЈП - Регионалната дирекција Скопје, во време кое нему му одговара, а со цел консултација за специфични прашања кои се однесуваат на: 1) Oпшти информации (рокови, начини за пријавување и плаќање даноци и др.); 2) Отворање на бизнис и регистрација на даночен обврзник; 3) Консултации за издадени даночни документи; 4) Утврдување на даноци; 5) Постапки за наплата на долгови; 6) Правни прашања.


Услугата „Закажи средб@“ може да се користи он-лајн или преку Инфо центарот на УЈП. За да закажете средба повикувајте го Инфо центарот (0800 33 000 или 02/3253 200) или направете го тоа он-лајн преку веб страницата на Контакт центарот kontaktcentar.ujp.gov.mk, која овозможува пристап до услугата „Закажи средб@“

Која е постапка за закажување на средба?

  • Идентификација на корисник преку Инфо центарот (0800 33 000 или 02/3253 200) или преку електронскиот систем „Закажи средб@“ достапен преку kontaktcentar.ujp.gov.mk
    Доколку сакате да закажете средба како физичко лице внесете ги следните податоци за идентификација или соопштете ги на операторот: Име, Презиме, ЕМБГ и е-пошта за физичко лице.
    Доколку сакате да закажете средба како правно лице внесете ги следните податоци за идентификација или соопштете ги на операторот: Име, Презиме, ЕМБГ, е-пошта за физичко лице, Назив на фирмата, ЕДБ и ПИН код за правно лице.
    Полињата се задолжителни освен полето „ПИН код“.
  • Изберете ја услугата која сакате да ја користите во УЈП – Регионална дирекција Скопје
    Изберете ја канцеларијата во која што сакате да закажете средба , односно Регионалната дирекција Скопје, и изберете ја услугата која ви е потребна. 
    НАПОМЕНА: Услугата „Закажи средб@“во моментов е достапна само за користење на даночните услуги на Регионалната дирекција Скопје.
    Полињата се задолжителни, освен полето „Код на референтен документ“.
  • Изберете ги датумот и времето на средба
    Закажувањето на средба се врши најрано за следниот работен ден. Изберете ги датумот и времето на средба, кои вам ви одговара, доколку се слободни и не се зафатени претходно.
  • Потврдете ја закажаната средба
    Потврдете ги информациите за избраната канцеларија, вид на услуга, датум и време на средбата.
    Доколку не сте во можност да дојдете на закажаната средба, потребно е истата да ја откажете или да закажете друг термин.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот