УКИНУВАЊЕ НА КОВИД СЕРТИФИКАТИТЕ ЗА ВЛЕЗ ВО ЗЕМЈАВА: Комисијата за заразни болести денеска даде ваква препорака
Објавено во: Македонија 13 Април, 2022 14:31
Комисијата за заразни болести денеска препорача да се укине
задолжителното поседување сертификат за вакцинација или прележаност на КОВИД-19
за влез во земјава. Овие потврди ќе останат да важат за влез во угостителски
објекти.
За оваа обврска при влез во ресторани и барови не е препорачано да биде укината зашто Комисијата смета дека не е добро да се укине сè одеднаш туку постепено.
– Постепеното укинување на мерките дава резултат и тоа се гледа по секојдневниот пад на бројките, изјави портпаролот на Комисијата за заразни болести, д-р Злате Мехмедовиќ.
Новиот предлогот за влез во земјава без сертификат за вакцинација или прележаност треба да биде усвоен од Владата.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




