Украина и Канада потпишуваат договор за испорака на оружје
Објавено во: Свет 02 Април, 2017
Министерствата за одбрана на Отава и Киев ќе потпишат план за соработка, насочен кон отворањето на канадскиот пазар на арсенал за Украина.
Така тврдат руски медиуми цитирајќи информации од внатрешни фигури во двете влади.
Претходно амбасадорот на Украина во Канада Андреј Шевченко изјави дека северноамериканската страна не е подготвена да обезбеди смртоносно оружје, но размислува за вклучувањето на Киев во листата за автоматско огнено оружје, што овозможува олеснет извоз.
Договорот се очекува да биде потпишан следната недела, кога украинскиот министер за одбрана Стјепан Полторак ќе ја посети Отава. Според руските медиуми работата на конечната верзија на договорот продолжува, но ќе биде завршена во најкраток можен рок.