УКРАИНА РАКЕТИРАШЕ СЕЛО ВО КУРСК: Оштетен е и важен објект
Објавено во: Свет 02 Јануари, 2025
Украинската војска го ракетираше селото Ивановско во Курск во Русија.
Вооружените сили на Украина денеска извршија ракетен напад врз селото Ивановско во областа Рилски. Во ракетниот напад биле оштетени и цивилни објекти. Еден од проектилите директно ја погоди зградата на Културниот центар. Степенот на неговото уништување и можноста за реставрација ќе го утврдат експерти. Нема податоци за загинати цивили. Украински беспилотни летала ги гаѓаат руските погранични области. Украинската војска соопшти дека соборила 47 беспилотни летала што руските сили ги лансирале во текот на ноќта во области во централна и источна Украина.
Украинските сили на 6 август лани упаднаа во Курск. Украинскиот претседател Володимир Зеленски се надева дека во 2025 година војната ќе заврши. Инвазијата на Русија врз Украина, почна на 24 февруари 2022 година.