Украинците не сакаат да прават отстапки за територија, Безрукова вели дека секое парче земја им е важно
Објавено во: Свет 03 Август, 2022 07:27
Анкета покажа дека Украинците не сакаат нивната земја да отстапи територии на Русија во земена за мир.
Киевскиот Меѓународен институт за социологија кон крајот на мај ја истражуваше оваа тема, со цел да се видат ставовите на народот. Од испитаниците 82 отсто се согласија со изјавата дека: „Украина во никој случај не треба да отстапи од која било од своите територии, дури и ако тоа ја продолжи војната и ја загрози нејзината независност.
„Украинците дефинитивно веруваат во победа над Русија во војната. Не сме подготвени за никакви територијални отстапки и за победа ќе го сметаме не само враќањето на границите на 24 февруари 2022 година (односно почетокот на агресијата), туку целосното ослободување на сите територии окупирани и анектирани од Русија, тоа е, враќањето на границите од 1991 година. Така мисли околу 90 отсто од населението. Колку е покрвава руската агресија, толку посамоуверено Украинците одговараат со „НЕ“ на прашањето за територијални отстапки. Околу 10 отсто од населението на Украина во принцип ги поддржува преговорите со Русија и територијалните отстапки. Тоа се претежно жители на истокот и југот на земјата“, вели украинскиот социолог Олга Безрукова за Фактор.
Подрачјата каде има воени дејствија се од витално значење за Украина.
„Поголемиот дел од металуршките и рударските претпријатија се наоѓаат на истокот на Украина. Југот е земјоделски регион. Таму одгледуваат жито што го храни светот, сончогледи, од кои се произведува масло, најмногу зеленчук и овошје. Секоја населба, секое парче земја ни е важно, така што главно не сме подготвени за никакви преговори. Згора на тоа, Русија веќе покажа дека не се придржува до никакви договори. Ова исто така важи и за договорите од Минск, по чие усвојување започна војна од целосен обем; и хуманитарни коридори, кои таа самата ги најави, а потоа не ги ослободи жителите од окупираните градови; и договори за извоз на жито, по што беше гранатирано пристаништето Одеса; и третманот на воените заробеници...што се случи во Оленивка. И уште повеќе. Затоа, нема смисла да се преговара“, додава социологот.
Но, откако на испитаниците во анкетата им е посочено дека војната носи и трошоци, и се понудени четири одговори како опција, анкетираните рекле дека се за итен прекин на огнот од двете страни со услови и почеток на интензивни преговори (14,9 отсто) или продолжете да се спротивставувате на руската агресија до ослободување на територијата окупирана од Русија од 24 февруари 2022 година (8,6 отсто). За продолжување на отпорот кон руската агресија до ослободување на целата територија на Украина, освен на Крим се изјасниле 12,2 отсто, а да продолжат да се спротивставуваат на руската агресија додека цела Украина, вклучувајќи го и Крим, не биде под контрола на Киев бараат 61 отсто, додека 3,3 отсто одговориле „тешко е да се каже“. Но, истражувањето покажа дека оние Украинци кои се од југот или истокот на земјата, каде има воени дејствија, почесто ја бирале опцијата за прекин на огнот и преговори.
Сања Атанасовскаfoto EPA/SERGEY KOZLOV
Можеби ќе ве интересира
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки




