18 Декември, 2025
0.0385

Украинска фабрика за оружје ќе се отвори на територија на НАТО

Објавено во: Свет 03 Септември, 2025 21:58

Добивај вести на Viber

Прва украинска фабрика за оружје ќе се отвори на територија на НАТО и тоа во Данска. 

„Украинскиот производител на оружје Fire Point ќе отвори фабрика во Данска“, соопшти данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен. 

Овој потег е пресвртница во соработката меѓу Киев и неговите западни сојузници.

Фабриката ќе биде лоцирана во градот Војенс, на југот на земјата, каде што се наоѓа и данска воена база со борбени авиони F-16. Станува збор за прв случај украинска компанија за оружје да отвори производствен погон во земја-членка на НАТО.

Fire Point е специјализирана за борбени дронови и крстосувачки ракети, меѓу кои и моделот Flamingo FP-5.  Отворањето на фабриката се очекува до декември.

Поулсен го најави проектот на состанокот на нордиските и балтичките лидери, на кој присуствуваше и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Данскиот министер призна дека Кремљ може да се обиде да одговори со „саботажа и шпионажа“, додавајќи дека „заканата, секако, стана поголема“.

Можеби ќе ве интересира

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“