18 Декември, 2025
0.0377

Украинската валута девалвираше за 25 отсто

Објавено во: Економија 21 Јули, 2022 19:57

Добивај вести на Viber

Украина ја девалвира својата валута гривната за 25 отсто. 

Украинската централна банка, повикувајќи се на длабоките економски последици од војната со Русија, ја девалвираше гривната за 25 отсто, пишува Ројтерс. Во соопштението од 21 јули, банката наведува дека новиот официјален курс е 36,5686 за американски долар.  Девалвацијата се случи еден ден откако Украина побара од своите доверители двегодишно замрзнување на плаќањата на нејзините меѓународни обврзници, за да ги насочи своите намалени финансиски ресурси за да се одбрани од Русија.

„Војната трае речиси пет месеци, во текот на кои имаше значителни промени, а во такви услови официјалниот курс на гривната на ниво од 24 февруари повеќе не одговара на реалноста и постепено ја губи улогата на сидро за очекувањата“, се наведува во соопштението.

И во 2015 година гривната загуби од својата вредност и тоа дури до 70 отсто. Тогаш имало случаеви каде продавниците во текот на денот по неколку пати ги менувале цените.  Работник во Украина во 2015 година добиваше просечно 42,6 долари или 1.200 гривни месечно.

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје