18 Декември, 2025
0.0771

Украински командант: Прашање на време беше кога Русија ќе не прегази!

Објавено во: Свет 21 Февруари, 2015 10:24

Добивај вести на Viber

Два дена после договореното примирје, проруските бунтовници го зеземаа Дебаљцево, една од стратешки најважните точки во источна Украина. При таа прилика повеќе од 8 илјади украински војници се приморани на бегство.

Она поради што Дебаљцево е толку важно е неговата положба, со оглед на тоа дека се наоѓа на пола пат помеѓу двата клучни града под контрола на проруските сили Доњецск и Луганск.

После два дена борби, украинските војни едноставно биле надвладеани и приморани на повлекување, со што на проруските бунтовници фактички им ја пропуштиле последната точка отпор на истокот од земјата.

Поручникот Јури Брекариј изјавил за „Волстрит Журнал“ дека војниците под негова контрола во Дебаљцево „живееле како хобити“ и се криеле во рововите во кои го поминувале малтене целото време.

debaljcevo02foto-tanjugap_f

-Беше само прашање на време кога нас Русија ќе не срамни со земја. Удрија на нас толку силно што и рововите се тресеа - признал поручникот.

Војникот Игор Некрасов рекол за британски „Гардијан“ дека борбата во Дебаљцево „била како лудница“.

-Не изненадија на сред ноќ, пукаа по случаен избор, само за да не држат будни. Го праве тоа цела ноќ. Наутро тргнаа со напади, во бранови. И така три недели - изјавил војникот.

-Русите нас едноставно не надминаа на секое поле, и морам да признаам дека имавме среќа што извлековме жива глава - можеби тоа е најдобриот опис на односот на силите во Дебаљцево на поручникот Брекариј.

Можеби ќе ве интересира

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел