Украински милионер: „Го давам животот и целото богатство за пораз на проруските терористи!“
Објавено во: Свет 02 Август, 2014 10:44
„Пријатели, ви благодарам уште еднаш на зборовите за поддршка. Вистина е дека сум на пат кон воената зона за да бидам покрај нашите херои“, напиша милионерот на својот Фејсбук профил, на кој поставил и фотографија од својот вреден „ролс-ројс фантом“.
„Во мојот претходен живот овој автомобил беше симбол за успех. Сега моите приоритети се променија. Подготвен сум да го продадам или да го заменам за работи кои и се потребни на нашата армија. Заинтересираните слободно нека ме контактираат“, порачал Украинецот.
Инаку, во Украина тој е познат по неговата љубов за скапи автомобили, луксузни куќи и девојки топ-модели.
Константиновски со неговиот брат неколку години поминале во Америка, по што се вратиле во Украина и го изградиле своето „царство“ со помош на компанијата „Киев-Донбас Дивелопмент Груп“, која инвестираше во неколку сектори, вклучувајќи ресторани, синџири за брза храна и градежништво. Браќата Константиновски се познати по своето антируско расположение, а во 2006 година за малку избегнаа атентат од руска мафијашка група во Њујорк.
Можеби ќе ве интересира
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




