17 Декември, 2025
0.0593

Украински тајкун доби српско државјанство, но уште побрзо му беше одземено

Објавено во: Балкан 21 Ноември, 2014 21:52

Добивај вести на Viber

Украинскиот тајкун Сергеј Курченко добил српско државјанство по забрзана постапка, но веднаш потоа била покрената постапка за да му се одземе. За чудниот случај на 29-годишниот „крал на гасот“ од Украина, за кој известуваат сите српски медиуми, потврда стигнала и од Кабинетот на премиерот Александар Вучиќ. Според Ројтерс, ова е уште еден пример кој го става во фокус значењето на надворешнополитичките врски на Србија, која е кандидат за членство во ЕУ, но одржува и блиски релации со Русија. „Мултимилионерот и бизнисмен во индустријата за гас, кого полицијата во Украина го бара и кој се наоѓа на црната листа на ЕУ, накратко доби српско државјанство, за веднаш потоа денеска српската Влада да ја поништи одлуката, која можеше да привлече негативни критики од Запад“, пишува Ројтерс. Српската Влада најпрвин го одобрила барањето на Курченко „во согласност со надлежностите и одредените услови“, но премиерот Вучиќ лично го блокирал процесот, тбрдат српски владини извори. Сергеј Курченко, еден од најбогатите Украинци, е државјанин на Русија, но е роден во Харков, Украина. Се смета дека бил близок со соборениот украински претседател Виктор Јанукович, а по промената на власта во Украина заминал во Белорусија која му одби гостопримство. Од таму заминал за Москва. Неговото име се наоѓа на „црната“ листа која Европската унија ја состави во првиот бран санкции против поранешните власти во Киев и нивните соработници.

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата