19 Декември, 2025
0.0571

Улицата „Трета Македонска Бригада“- нов булевар во Аеродром

Објавено во: Македонија 21 Февруари, 2013 13:47

Добивај вести на Viber

Во булевар ќе биде проширена улицата Трета Македонска Бригада. Должината на булеварот ќе биде 2100 метри, а изгрдабата се очекува да заврши до крајот на годинава. Булеварот ќе продолжи се до гимназијата “Раде Јовчевски – Корчагин“ и ќе овозможи поврзување на општината Аеродром со општина Центар. -Градот Скопје планира да изгради по два до три влезови и излези од секоја општина до општина Центар. Покрај изградбата на овој булевар се планира и изградба на нов булевар „Борис Кидрич“ кој треба да се поврзе со булеварот “Трета Македонска Бригада“, а изградбата на овој булевар ќе започне наредната година, рече денеска Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски. Веќе се обезбедени средставата во буџетот, а изградбата на булеварот ќе се врши во неколку фази поради разрешување на имотно-правните односи. Булеварот ќе има четри ленти, зеленило во средишниот дел, ново осветлување и нова атмосферска канализација. Според Градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Коневски, изградбата на овој булевар ќе биде решение за сообраќајниот метеж во овој дел на општината. Со изградбата на овој булевар општина Аеродром, покрај булеварот Јане Сандански ќе добие уште еден булевар.    

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот