УМЕРОВ: Водевме тајни преговори со Русија на почетокот на војната
Објавено во: Свет 21 Октомври, 2024
Водевме тајни преговори со Русија на почетокот на војната, вели украински министер за одбрана, Рустем Умеров.
„На самиот почеток на војната во Украина во 2022 година, Украина водеше тајни индиректни преговори со Русија преку своите меѓународни партнери, кои вклучуваа неколку насоки на преговори“, кажа Умеров во интервју за „Вашингтон пост“.
Украинскиот министер изјави дека Соединетите Американски Држави секогаш биле свесни за овие контакти, затоа што украинската страна секогаш одржувала консултации за сите прашања.
Умеров вели дека тие тајни преговори резултирале со формирање на хуманитарен коридор, кој им овозможил на 400.000 Украинци да ги напуштат привремено окупираните области.
Преговорите доведоа и до договор за размена на воени заробеници, политички затвореници и ранети војници, како и договор за жито за извоз на украинско жито преку Црното Море.
Американските власти потврдија за WP дека тајните разговори се одржале во 2022 година, во време кога Русија јавно се заканувала дека ќе користи тактичко нуклеарно оружје.
На прашањето дали во моментов се водат такви преговори преку тајни канали, Умеров одговори дека хуманитарната рута е се уште отворена.
Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.