16 Мај, 2024
0.0264

Унгарците рекоа "не" на квотите за мигранти

Објавено во: Свет 03 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Унгарците го отфрлија референдумот за мигрантски квоти на Европската унија, но гласањето е невалидно поради слабиот одзив, пренесоа американските медиуми. 

Аналитичарите го оценија резултатот како вознемирувачки, но не е целосен пораз за премиерот Виктор Орбан. Според објавените податоци 98,3% од Унгарците, гласале на референдумот и  ја поддржале Владата, отфрлајќи какви и да е обврзувачки квоти на ЕУ за прием на бегалци. Сепак, одѕивот бил 43,9% - под прагот од 50% потребен за да биде признаено гласањето. 

Орбан го поздрави „извонредниот" резултат од референдумот и рече дека гласањето треба да биде земено в предвид од оние кои донесуваат одлуки во заедницата, наведува Ројтерс.

„Тринаесет години откако големо мнозинство од Унгарците гласа на референдум за приклучување кон ЕУ, денеска Унгарците повторно направија така и нивниот глас треба да се чуе по европското прашање"- изјави синоќа Орбан на прес-конференција.

Опозицијата тврди дека власта не ја добила потребната поддршка. Според аналитичарите, резултатите од референдумот се истовремено и пораз и победа за премиерот Орбан. Пораз зашто не  успеа да ги убеди сите државјани да излезат да гласаат. Победа, зашто успеа да добие поддршка од повеќе гласачи на овој референдум отколку на референдумот пред 13 години кога решаваа за членството во Унијата. Низ Унгарија поминале 400 илјади мигранти чија крајна цел е Западна Европа.


Можеби ќе ве интересира

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“