Унгарската претседателка се подружи со шарпланинецот на Пендаровски
Објавено во: Македонија 06 Февруари, 2023 10:45
Унгарската претседателка Каталин Новак, која денеска е во официјална посета на Македонија, се подружи со шарпланинецот на шефот на државата Стево Пендаровски.
Првично медиумите помислија дека станува збор за подарок, но од Кабинетот на претседателот ни беше кажано дека станува збор за миленик со кого унгарската претседателка само сакала да се запознае.
Предвидено е таа заедно со македонскиот претседател да го посетат гробот на Гоце Делчев и да имаат средби со претставници на младински организации.
Новак беше пречекана на официјална церемонија со највисоки државни и воени почести од страна на нејзиниот домаќин, по што ќе следува тет-а-тет средба на двајцата претседатели и пленарен состанок на делегациите на двете земји.
Во агендата на унгарската претседателка предвидени се и средби со претседателот на Собранието, Талат Џафери и премиерот Димитар Ковачевски.
Можеби ќе ве интересира
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти




