16 Декември, 2025
0.0866

УНИЦЕФ: Насилството врз децата се случува секојдневно

Објавено во: Свет 05 Септември, 2014 14:02

Добивај вести на Viber

Најголемата досега изработена збирка на податоци за насилството врз децата ги покажува запрепастувачките димензии на физичкото, половото и емоционалното малтретирање -- и ги разоткрива ставовите и сфаќањата со кои се оправдува насилството, и со тоа истото се ‘крие пред очи’ во сите земји и заедници во светот. “Ова се непријатни факти — ниту една влада или родител нема да сака да ги види”, изјави извршниот директор на УНИЦЕФ Ентони Лејк. “Но ако не се соочиме со реалноста претставена во секој од овие вознемирувачки статистички податоци — животот на детето чие право на безбедно и заштитено детство е прекршено — нема никогаш да го смениме ставот дека насилството врз децата е нешто вообичаено и дозволиво. Не е ниту едното ниту другото“. Извештајот на УНИЦЕФ “Скриено пред очи” (“Hidden in Plain Sight”) опфаќа податоци од 190 земји и документира насилство на местата каде децата би требало да бидат безбедни: нивните заедници, училишта и домови. Во него се опишуваат долготрајните, честопати меѓугенерациски, ефекти од насилството, со наод дека кај децата изложени на насилство има зголемена тенденција да бидат невработени, да живеат во сиромаштија и да се однесуваат насилно кон другите. Авторите укажуваат дека податоците се добиени само од поединци што доброволно изразиле способност и подготвеност да дадат одговори на прашањата, што значи дека претставуваат минимални проценки. Некои од позначајните наоди:
  • Полово насилство: Приближно 120 милиони девојки помлади од 20 години во светски рамки (приближно 1 од 10) биле подложени на присилен полов однос или други присилни полови дејства, и 1 од 3 адолесцентни девојки на возраст од 15 до 19 години што некогаш биле во брак (84 милиони) биле жртви на емоционално, физичко или полово насилство извршено од нивните сопрузи или партнери. Застапеноста на насилство од страна на партнери е 70 проценти или повеќе во Демократска Република Конго и Екваторијална Гвинеја, а се доближува или надминува 50 проценти во Уганда, Обединета Република Танзанија и Зимбабве. Во Швајцарија, во анкета спроведена во целата земја во 2009 година со девојки и момчиња на возраст од 15 до 17 години утврдено е дека 22 проценти од девојките и 8 проценти од момчињата доживеале најмалку еден инцидент на полово насилство со физички контакт. Најчестата форма на полово насилство за двата пола е виктимизација преку електронски комуникациски мрежи.
  • Убиства: Една петтина од жртвите на убиства на глобално ниво се деца и адолесценти помлади од 20 години, што претставува приближно 95 000 смртни случаи во 2012 година. Убиствата се најчестата причина за смрт кај машки лица на возраст од 10 до 19 години во Панама, Венецуела, Ел Салвадор, Тринидад и Тобаго, Бразил, Гватемала и Колумбија. Нигерија е земјата со најголем број на убиства на деца – 13 000. Од земјите од Западна Европа и Северна Америка, највисока стапка на убиства е забележана во Соединетите Американски Држави.
  • Силеџиство: Малку повеќе од 1 од 3 ученици на возраст од 13 до 15 години во светот се постојано подложени на силеџиство во училиштата ; во Самоа, уделот е речиси 3 од 4. Речиси една третина од учениците на возраст од 11 до 15 години во Европа и Северна Америка изјавиле дека силеџиски се однесувале кон други  – во Летонија и Романија речиси 6 од 10 признале дека силеџиски се однесувале кон други.
  • Дисциплинирање со насилство: Приближно 17 проценти од децата во 58 земји се подложени на тешки форми на телесно казнување (удари по главата, ушите или лицето, или силно и постојано удирање). Над 40 проценти од децата на возраст од 2 до 14 години поднесуваат остро физичко казнување во Чад, Египет и Јемен. Во светски рамки, три од 10 возрасни лица сметаат дека физичкото казнување е потребно за добро да се воспитаат децата. Во Свазиленд, 82 проценти изјавуваат дека физичкото казнување е неопходно.
  • Ставови кон насилството: Приближно една половина од сите адолесцентни девојки на возраст од 15 до 19 години (околу 126 милиони) сметаат дека сопругот има оправдана причина да ја удира својата сопруга во одредени околности. Тој процент се зголемува на 80 проценти или повеќе во Авганистан, Гвинеја, Јордан, Мали и Источен Тимор. Во 28 од 60 земји за кои има податоци за двата пола, поголем процент на девојки отколку момчиња сметаат дека тепање на сопругата е понекогаш оправдано. Во Камбоџа, Монголија, Пакистан, Руанда и Сенегал, девојките со двапати повисок процент отколку момчињата сметаат дека сопругот понекогаш има право да ја тепа својата сопруга. Податоци од 30 земји укажуваат дека приближно 7 од 10 девојки на возраст 15-19 години коишто биле жртви на физичко и/или полово малтретирање никогаш не побарале помош : многу од нив изјавиле дека не мислеле дека се работи за малтретирање или не го сметале за проблем.
УНИЦЕФ укажува на шест стратегии со кои ќе се овозможи општеството во целина, од семејствата до владите, да го спречи и намали насилството врз децата: поддршка за родителите и всадување на животни вештини кај децата; менување на ставовите и сфаќањата; зајакнување на правосудните, кривичните и социјалните системи и служби; собирање на докази и создавање на свест за насилството и неговата човечка и социоекономска цена, со цел да се сменат сфаќањата и нормите. “Насилството врз децата се случува секојдневно, насекаде. И освен што најтешко ги повредува децата индивидуално, тоа исто така ги раскинува нишките на општеството  — ги поткопува стабилноста и напредокот. Но, насилството врз децата не е неминовно. Таквото насилство може да се спречи — ако не му дозволиме да остане во сенка”, изјави Лејк. “Доказите изнесени во овој извештај нé принудуваат да преземаме мерки — како за индивидуалните случаи на деца подложени на насилство, така и за идната цврстина на општествата во целиот свет”.

Можеби ќе ве интересира

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“