United Group постигна договор за продажба на SBB Србија на e& PPF Telecom, како и Net TV Plus и правата за спортски преноси за Западен Балкан на Телеком Србија
Објавено во: Мои пари 12 Февруари, 2025 10:05
United Group B.V. („Група“), водечката телекомуникацискa и медиумска групација во Југоисточна Европа, која е во мнозинска сопственост на BC Partners, објави дека постигна договор за продажба на SBB doo Белград, водечки алтернативен провајдер на платена телевизија, широкопојасен интернет и фиксна телефонија во Србија на e& PPF Telecom Group BV („e& PPF Telecom“). Групацијата, исто така се договори да ја продаде Eon TV International Ltd (холдинг-компанијата на NetTV Plus) и правата за спортски преноси за Западен Балкан (Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Србија) на Телеком Србија а.д. Белград („TS“).
Овие трансакции, со комбинирана вредност на компаниите од 1,5 милијарди евраи имплициран EV/2024 EBITDAal (пред IFRS 16) мултипликатор од 10x, ја демонстрираат силната репутација и успешната историја на United Group во развојот на водечки операции и брендови низ регионот во последните две децении.
United Group ќе продолжи да ги поседува и управува своите клучни медиумски компании во Србија, вклучувајќи ги N1 и Nova. Овие канали ќе останат достапни на фиксната мрежа на SBB, а исто така ќе бидат понудени и на корисниците на Yettel.
Овие трансакции се предмет на стандардни регулаторни одобренија и се очекува да бидат завршени во првата половина на 2025 година.Дополнително, како што претходно беше објавено на 13 јануари 2025 година, United Group потпиша необврзувачки договор со BH Telekom d.d. Сараево („BHT“) во врска со потенцијалната продажба на Telemach BH d.o.o. Сараево и Telemach Crna Gora d.o.o. Подгорица.
По завршувањето на трансакциите со e& PPF Telecom, TS и BHT, United Group ќе го исполни својот стратешки план за излез и успешна монетизација на своите телекомуникациски компании надвор од Европската унија. Во блиска иднина, не е планирана продажба на други средства на United Group.
Викторија Боклаг, генерална извршна директорка на United Group изјави: „Нашата групација е изградена врз темелите на SBB пред речиси 24 години и прерасна во најголемата телекомуникациска и медиумска групација во регионот. Од своето основање, United Group брзо се прошири низ Југоисточна Европа со успешно реализирање на повеќе од 100 спојувања и аквизиции, значително зајакнувајќи ја својата позиција во Европската унија откако за првпат влезе на европскиот пазар во Словенија во 2009 година.
Нашата експанзија на целосно конвергентните и економски просперитетни пазари на Грција, Бугарија и Хрватска дополнително ја зацврсти оваа позиција. Наведените трансакции се во согласност со нашата стратегија за фокусирање на пазарите каде што можеме да понудиме целосен спектар на мобилни и фиксни телекомуникациски услуги, што ќе ни овозможи да го максимизираме потенцијалот за раст и создавање вредност.Со усовршување на нашите операции и пренасочување кон пазарите на Европската унија, ја зголемуваме ефикасноста и ја позиционираме United Group за долгорочен успех.“
За United Group
United Group е водечка телекомуникациска и медиумска групација во Југоисточна Европа. Работејќи низ осум земји со повеќе од 15.000 вработени, Групацијата остварува годишен приход од над 3 милијарди евра. Во телекомуникацискиот сектор, повеќе од 5.42 милиони домаќинства и повеќе од 7.65 милиони мобилни претплатници ги користат придобивките на најголемата FTTH (Fiber to the Home) мрежа во Југоисточна Европа, на интензивните инвестиции во 5G мрежата на United Group и најсовременото фиксно и мобилно поврзување. Под брендот United Fiber, Групацијата го консолидира своето портфолио на фиксна инфраструктура за дополнително да ги забрза и зајакне своите инвестиции во земјите од ЕУ преку создавање силни синергии и издигнување на своите инвестициски способности на следното ниво. Целокупните инфраструктурни големопродажни активности на United Group, вклучувајќи гласовни, податочни, мобилни и роаминг услуги, се управувани од UGI Wholesale. Внатрешната технолошка компанија и иновативен центар на Групацијата, United Cloud, ги предводи регионалните трансформативни промени во забавата и телекомуникациите со продукти како што е напредната видео платформа EON.
Нејзиниот медиумски сегмент, United Media, продуцира и дистрибуира привлечна ТВ-содржина, со значајни спортски, новински и забавни формати, достигнувајќи огромна публика од 40 милиони луѓе преку нејзините водечки free-to-air канали надополнети со привлечно портфолио на Pay-TV канали. Со моментален капацитет за продукција на над 40.000 часа оригинална локална содржина годишно, United Media управува со 60 ТВ канали, 40 веб и доверливи новински портали, повеќе од 10 печатени изданија и радио станици.
За повеќе информации, посетете ја https://united.group/
За BC Partners
BC Partners е водечка инвестициска компанија со околу 40 милијарди евра средства под управување, фокусирана на приватен капитал, приватен долг и недвижности.Основана во 1986 година, BC Partners одигра клучна улога во развојот на европскиот buyout пазар. Денес, компанијата работи преку транс-атлантски инвестициони тимови во Европа и Северна Америка, специјализирани во четири сектори:Телекомуникации и медиуми (TMT), Здравство, Услуги и индустрија и Храна.
Од своето основање, BC Partners има завршено преку 128 инвестиции на приватен капитал во компании со вкупна вредност од над 160 милијарди евра и во моментов вложува во својот единаесети фонд за откуп на приватен капитал.
За повеќе информации, посетете: https://www.bcpartners.com/
Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка




