22 Ноември, 2024
0.0275

УПОРНОСТ БЕЗ КРАЈ: бизнис приказна на жената која од стан без кревет дојде до фирма вредна 4 милијарди долари

Објавено во: Финансии 27 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Никол Мустард е основач на стартапот „Credit Karma“ кој ги советува корисниците за кредити, а денес вреди четири милијарди долари. Сепак, патот до успех на Никол бил се само обичен не, пишува Yahoo Finance..

Оваа Американка студирала зоологија и сакала да биде научник, но заклучила дека премногу ги саккал луѓето и да не сака по цел да да биде зтворена во забораторија со глувци. Така ги напуштила студиите и патувала ширум САД, од еден брег до друг и барала среќно место. Го пронашла во Лос Анџелес. Таму немала ништо - ни пријатели, ни работа, ни место за живот. Со еден познаник изнајмила стан и се вработила на првото слободно работно место - во ресторан за брза храна  Pizza Hut –  и со првата плата го купила она основното за уредување на станот - душек.

Со времето сфатила дека сака да се занимава со финансии и дека така им помага на луѓето, поради што се запишала на курс и станала сертификуван финансиски планер. Недолго после тоа отворила сопствена фирма. Сепак, нејзината иднина не била во Лос Анџелес. Љубовта ја однела на друг пат и тоа скроз до Бостон каде се преселила. Тој чекор се покажал како клучен во нејзината кариера. Таму, се вработила како директор на продажба во еден стартап и го запознала сегашниот партнер Кенет Лин. Тој имал бизнис идеја, а Мустард му изгледала како идеална личност за покренување на стартап бидејќи била високо образована, имала добри деловни врски, работна етика и секогаш била добро расположена.


Откако ја пронашле и третата личност за основање на компанија, техничкиот експерт Рајан Грациан, се преселиле во Сан Франциско каде го основале  Credit Karmа, старт ап кој се занимава со пресметување на кредитната способност на граѓаните и советувања за вложување. Поради дерловните врски TransUnion  им го дал потребниот пристап до податоци на граѓаните, а новинарската студија која излегла за нивната компанија им дал ветар во грб и само за година дена успеале да соберат дури 300 илјади корисници.

Сепак, проблем им создала потрагата за инвеститори. Иако мислеле дека така брзиот успех за компанијата ќе им биде доволен за наоѓање на инветитори, Силициумската долина во 2009 та била заобиколена со успехот на Амазон и дека стартапот како  „Credit Karma“  не бил доволно атрактивен. Тоа ги натерало Никола, Лина и Грациан да ја променат тактиката и да се вратат на бреговите на Сан Франциско, што се покажало како добар потег. Пронашле инвеститори, собрале неколку милиони долари, а до денес во ниовниот стартап се инвестирани повеќе од 370 милиони долари. Освен тоа, имаат 80 милиони корисници и 800 вработени, а самата фирма вреди 4 милијарди долари.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот

Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ПОВТОРНО ПОРАСНА - во септември достигна 41.585 денари, еве кои сектори имаат најголем раст

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ПОВТОРНО ПОРАСНА - во септември достигна 41.585 денари, еве кои сектори имаат најголем раст

ОБЕЗБЕДЕНИ 4 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЗЕЛЕНИ КРЕДИТИ ЗА ДОМАЌИНСТВАТА - силна поддршка од ЕБОР, ЕУ И ЈАПОНИЈА

ОБЕЗБЕДЕНИ 4 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЗЕЛЕНИ КРЕДИТИ ЗА ДОМАЌИНСТВАТА - силна поддршка од ЕБОР, ЕУ И ЈАПОНИЈА

РАСТ И КАЈ ДЕПОЗИТИТЕ И КАЈ КРЕДИТИТЕ - потрошувачките и станбените кредити најпримамливи, еве колку пораснале заштедите

РАСТ И КАЈ ДЕПОЗИТИТЕ И КАЈ КРЕДИТИТЕ - потрошувачките и станбените кредити најпримамливи, еве колку пораснале заштедите

СКИЈАЧИ, ЕВЕ КОЛКУ ЌЕ ВЕ ЧИНИ СКИЈАЊЕТО НА КОПАОНИК: „Скијалишта Србија“ ги објави деталните цени

СКИЈАЧИ, ЕВЕ КОЛКУ ЌЕ ВЕ ЧИНИ СКИЈАЊЕТО НА КОПАОНИК: „Скијалишта Србија“ ги објави деталните цени

БИТКОИНОТ СО НОВ РЕКОРД, РАСТАТ И БЕРЗИТЕ - и покрај тензиите во светот, инвеститорите не запираат

БИТКОИНОТ СО НОВ РЕКОРД, РАСТАТ И БЕРЗИТЕ - и покрај тензиите во светот, инвеститорите не запираат

Која е дамата што шопингот го замени со купување 100 акции во НЛБ Банка и плати 80.000 евра во еден ден?

Која е дамата што шопингот го замени со купување 100 акции во НЛБ Банка и плати 80.000 евра во еден ден?

КОМПАНИЈАТА ТОНЕ ВО ПРОБЛЕМИ, НО НЕ И НЕЈЗИНИОТ МЕНАЏЕР: Фолксваген не може да се пофали со бизнисот, но може со плата на еден вработен

КОМПАНИЈАТА ТОНЕ ВО ПРОБЛЕМИ, НО НЕ И НЕЈЗИНИОТ МЕНАЏЕР: Фолксваген не може да се пофали со бизнисот, но може со плата на еден вработен

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 600 ЕВРА ВО ФЕДЕРАЦИЈАТА БиХ: Што ќе значи тоа во пракса за работниците?

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 600 ЕВРА ВО ФЕДЕРАЦИЈАТА БиХ: Што ќе значи тоа во пракса за работниците?