05 Декември, 2025
0.1430

САМО ВО ЧЕТВРТИОТ КВАРТАЛ ВЛОЖЕНИ НАД 320 МИЛИОНИ ЕВРА ВО НЕДВИЖНИНИ: се купувало со засилено темпо, забележан е раст од 16 проценти

Објавено во: Финансии 28 Март, 2025 08:34

Добивај вести на Viber

Купопродажбата на станови и деловни објекти во последниот квартал од минатата година значително се зголемила во споредба со третиот квартал и тоа од високи 16 проценти. Податоците на Агенцијата за катастар на недвижности покажуваат дека интересот кај граѓаните за тргување со недвижнини не се намалува.

Имено, во четвртиот квартал од 2024 година во регистарот за цени и закупи при Агенцијата биле внесени 9.054 трансакции, од кои 6.433 купопродажби на недвижности и 2.621 закупи на недвижен имот.

-  Бројот на купопродажби регистрирани во Регистарот на цени и закупнини во периодот октомври - декември 2024 година во однос на периодот јули - септември 2024 година е зголемен за 16 отсто, додека бројот на закупи е исто така зголемен за 33 проценти – се посочува во кварталниот извештај на Катастарот.

За потсетување, во период јули - септември 2024 година во базата на Регистарот на цени и закупнини се внесени 7.491 трансакција, од кои 5.525 купопродажби на недвижности и 1.966 закупи на недвижен имот.

Од Катастар откриваат дека во период октомври, ноември и декември најмногу купопродажби се регистрирани во ноември, и тоа вкупно 2.252, додека во октомври се регистрирани најмалку купопродажби, и тоа 2.007.

Податоците покажуваат дека најмногу се тргува со станови, и во овој период биле продадени 2.419 станови чија вредност достигнува 160,6 милиони евра. Во споменатиот период биле продадени 691 куќи со вредност од 43,1 милион евра, додека бројот на тргувани деловни објекти бил 242 со вкупна вредност од 43,9 милиони евра. Биле продадени и 1,954 земјоделски или шумски парцели и нивната вредност надминува 22 милиони евра.

Вкупната вредност на договорите за купопродажба во периодот од октомври до декември достигнува 322,5милиони евра.  Додека претходниот квартал, или во периодот од јули до септември вредноста на договорените купопродажби достигнала 237 милиони евра.

Вкупниот број на евидентирани закупи на недвижен имотво споменатиот период достигнала 2,621 договори за закуп, а нивната вредност 973 илјади евра. Во четвртиот квартал од 2024 година најмногу закупи се регистрирани во ноември, и тоа вкупно 988, додека во декември се регистрирани најмалку закупи, и тоа 808.

Најголем дел од објектите ставени под закуп се станови и тоа 1.121 чија вредност достигнува 272 илјади евра.

П.О.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката