НАЈНОВО РАНГИРАЊЕ, КОЛКУ ТЕЖАТ ДОМАШНИТЕ БАНКИ - се „шушка“ за можни купопродажни зделки, кој е во игра?
Објавено во: Финансии 28 Март, 2025 08:20
Народна банка на Македонија ги објави податоците за активата на 13-те банки кои функционираат и работат во земјава, а кои се интересни не само сами по себе, туку и од аспект на можни сопственички промени, за кои се шпекулира дека се можни на домашниот банкарски, но и и пошироко, финансиски пазар.
Да видиме колку се големи и колку пораснале домашните банкарски играчи, според најновите достапни бројки на централната банка, а кои се однесуваат за крајот на минатата голдина.
Комерцијална банка има на крајот на декември 2024 година вкупна актива од 2,905 милијарди евра. Тоа значи дека според активата оваа банка веќе „опасно“ се доближува до психолошката граница од три милијарди евра, што и би можело да се очекува веќе и во наредниот квартал, ако се има предвид дека во однос на периодот од три месеци претходно, односно заклучно со третото тримесечје од минатата година, активата на Комерцијална банка пораснала за дури 157 милиони евра, а сличен па дури и поголем раст, имало и во претходните квартали.
Втора на листата на големата банкарска перпорка од поодамна фигурира Стопанска банка Скопје, најстарата македонска банка, која заклучно со крајот на декември лани „тежела“ 2,34 милијарди евра, што е раст за 125 милиони евра во однос на претходните три месеци.
НЛБ Банка е долг период трета на листата на трите „најмоќни банки“ според активата, и на крајот на ланската година таа изнесувала 2,12 милијарди евра. НЛБ Банка имала одличен раст од 183 милиони евра во однос на три месеци претходно, и на крајорт на ланската годфина веќе ја надминува границата од две милијарди евра, со оглед што на крајот на третиот квартал лани нејзината актива вредеше 1,95 милијарди евра.
Уште две банки од големата петорка имаат „мега“ актива, и нејзин одличен раст. Имено, Халк банка достигна 1,855 милијарди евра, што е зголемување за 183 милиони евра, додека, пак, уште една одлична банка, Шпаркасе, дојде до 1,749 милиони евра, што е раст за 170 милиони евра.
Следува групата на три средни банки. Прокредит банка има актива од 846 милиони евра, што е раст од околу 46 милиони евра, додека, пак, УНИ Банка дошла до вредност од 456 милиони евра, со што доживеала големување за 26 милиони евра во однос на претходниот квартал. И, државната Развојна банка стигнала до актива од 303 милиони евра, што во однос на крајот на септември лани е зголемување за 12 милиони евра.
И потоа следува „малата“ банкарска петорка, каде што има одредени промени. Па да одиме со ред.
Централна кооперативна банка е предводник на оваа група, со актива од 202 милиони евра, што е зголемување за над 10 милиони евра во однос на три месеци претходно. На второ место од групата мали банки во последното рангирање, односно за крајот на ланската година, испливува ТТК банка, со актива од над 179,2 милиони евра, што е одличен раст од повеќе од 12 милиони евра. А, зад ТТК банка сега доаѓа Стопанска банка Битола, со актива од 178,8 милиони евра, и каде што растот е помал и изнесува 4 милиони евра за три месеци. На 12 место од банките или на четврто од малите банки си останува Силк Роуд банка, со капитал од 176,8 милиони евра, што е одличен раст за близу 21 милиони евра. И, Капитал банка е последнат од петорката мали банки, со тоа што треба да се спомене дека таа има одличен раст од 20 милиони евра за два месеци, достигнувајќи на крајот на минатата година сума од 71,1 милиони евра.
Треба да се спомене дека групата мали банки се оние до актива од 224,4 милиони евра, над таа сума па се до 903,3 милиони евра се средни банки, и оние со актива над 903,3 милиони евра се големи банки.
Овие податоци се интересни од аспект што во финансиските кругови во земјава се зборува дека повторно е во игра можно купување на некоја од поамалите банки во земјава, при што како купувач би се јавила или некоја од големите банки, или, пак, се споменува и дека како купувач би можело да се јави некое од финансиските друштва што работат во земјава, а кои се познати по тоа што делат брзи кредити.
Како што е познато, Комерцијална банка сакаше да ја купи Стопанска банка Битола и даде понуда за преземање на таа банка, но поголемиот процент од акционерите одлучи да не ја прифати таа понуда и реши да продолжи да работи самостојно. Тогаш од Комерцијална банка изјавија дека повеќе нема воопшто да даваат понуда за купување на Стопанска банка Битола, и дека таа приказна за нив е завршена.
„Но, ние и после една година нема да доставиме понуда, односно тоа нема да се случи никогаш. Таа приказна за нас е завршена. Затоа и на акционерите на Стопанска банка Битоа им посакуваме среќа во натамошното функционирање. Дали можеби за нивната банка ќе добијат понуда од некоја друга банка, можеби и странска, и неа ќе и ја продадат, дали, пак, банката ќе продолжи самостојно да работи, во секој случај им посакуваме среќа“, изјавија тогаш наши извори од Комерцијална банка.
Н.Н.Ф.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





