ПРВАТА ТРАНША ВО ВИСИНА ОД 52,4 МИЛИОНИ ЕВРА „ЛЕГНА“ НА СМЕТКАТА: Муртезани со детали за парите од ЕУ
Објавено во: Финансии 24 Март, 2025 13:42
Македонија доби дел од средства во рамките на Инструментот за реформи и раст од Европска унија. Станува збор за 52,4 милиони евра кои веќе се уплатени , од кои 24,4 милиони евра за буџетска поддршка.
- Пристигнаа средствата од претфинасирањето во рамките на Инструментот за реформи и раст од ЕУ за земјава во вредност од 52,4 милиони евра, односно седум проценти од вкупната вредност на финансиската поддршка која за нашата земја изнесува 750 милиони евра. Оваа исплата е врз основа на барањето за претфинансирање за кое во ноември лани известивме дека како национален координатор за реформската агенда го потпишав и го доствавивме до ЕК. Со ова, Северна Македонија стана првата земја во регионот која ги доби овие средства откако претходно ги заврши правните процедури, а тоа значи дека Договорот за заем и Договорот за грант се веќе ставени во сила - соопшти министерот за европски прашања Орхан Муртезани.
Втората важна вест поврзана со Реформската агенда, како што додаде Муртезани, е што на 14 март годинава, до ЕК во предвидениот рок земјава го доставила првото барање за ослободување дополнителни средства во износ од 17,1 милиони евра за имплементација на реформските чекори со краен рок декември 2024 година, кој што потоа беше продолжен од страна на ЕК до февруари 2025 година. Овие реформи вклучувале: усвојување на Закон за јавна внатрешна финансиска контрола, донесување на подзаконски акти од Законот за буџети, операционализација на структурите за праведна танцизиција и донесување на План за 2025 година, измени во Законот за трговски друштва во делот на критериуми за избор на членови во надзорни и управни одбори и во делот на правосудството пополнување на испразните места во судството и Обвинителството.
Од 17,1 милиони евра, 7,96 милиони евра се за директна буџетска поддршка, а останатите 9,15 милиони евра за инвестициски проекти преку заедничкиот фонд на инвестициската рамка за ЗБ.
- Овие средства ќе бидат достапни, откако Комисијата ќе заврши со оценката за исполнувањето на реформите за што на располагање има 90 работни дена - истакна Муртезани.
На новинарско прашање министерот за европски прашања истакна дека од вкупната сума од 52,4 милиони евра, 24,4 се веќе легнати на сметката на Министерството за финансии во Народната банка, 15 милиони се грант и се префрлени во Инвестицискиот фонд за ЗБ (WBF), а останатите 13 милиони евра за проекти и се заем и се во процедура на исплата, а се исто така префлени во Инвестицискиот фонд за ЗБ.
Тој додаде дека интензивно е работи на реализација на чекорите за исполнување на периодот до јуни годинава за чии активности се предвидени околу 70,6 милиони евра.
- Овие чекори предвидуваат активности во важни области како што се подобрувањето на кибер безбедноста, целосна транспозиција на европските директиви за енергетскиот пазар, усвојување нов закон за електронски комуникации, подобрување на управувањето со електронските документи и архивски материјали, како и зголемување на бројот на инспекции на пазарната и трудовата инспекција со фокус на градежништвото, туризмот и земјоделството, како и понатамошни реформи во правосудниот сектор - рече Муртезани.
Истакна дека во годишниот извештај за реформската агенда, што бил доставен до ЕК, бил даден јасен и детално разработен приказ за досегашните конкретни достигнувања, мерливи резултати за следниот период.
На новинарско прашање дали е побарано одложување на дел од обврските во делот на правосудството, поточно дали законите што се потребни да се имплементираат до јуни се дадени на Венецијанската комисија и дали е побарано одложување, Муртезани кажа дека се што е дефинирано во Реформската агенда и е усвоено и од Владата и од ЕК, датумите не можат да се пролонгираат.
- Меѓутоа, согласно регулативата, ако ние одредена реформа не успееме да ја спроведеме до јуни, тоа значи дека од јуни стапува во сила грејс периодот од 12 месеци. Во текот на тие дополнителни 12 месеци ние ќе треба да ги завршиме сите преземени обврски. Меѓутоа, се што се пролонгира, односно се што влегува во грејс перидот, значи дека сите актуелни реформи што не се имплементирани и следните што треба да следуваат, ќе се собираат на крај и имајќи го предвид нашиот институционален капацитет за имплементација на реформите, тоа значи дека колку повеќе ќе се остава за на крај, толку помалце ќе се имплементира - истакна министерот додавајќи дека засега нема информација дали законите поврзани со правосудството се дадени на Венецијанската комисија.
Прашан кога ќе биде објавен списокот на инфраструктурни проекти што треба да се финансираат со оваа помош, министерот рече дека списокот е сведен на 22 проекти што, како што посочи, имаат доволно ниво на зрелост и сметаме дека до втората половина на 2027 тие проекти би почнале со реализација бидејќи условот е таков.
- Имајќи предвид дека претходната листа на индикативни проекти беше повеќе список на желби, отколку што ние би сакале некогаш да оствариме и вкупната вредност на тој список беше над 4 милијарди евра. Имајки предвид дека ние во склоп на Реформската агенда за проекти имаме на располагање 401 милиони евра, бевме принудени тој список да го ревидираме. Мислам дека кругот на одобрување на списокот е заокружен и ако истиот не е објавен на веб страната на Министерството, многу скоро тоа ќе се направи посочи Муртезани.
Планот за раст на Западен Балкан за поддршка на земјите од ЗБ кон членство во ЕУ
ЕУ во септември лани ги одобри реформските агенди на земјите од Западен Балкан - Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора и Косово, во рамки на новиот Инструмент за реформи и раст во износ 6 милијарди евра, познат како План за раст на Западен Балкан.
Според формулата од Регулативата за инструментот за реформи и раст, усвоена од страна на Европскиот парламент и Советот на ЕУ, земјава треба да добие 750,4 милиони евра за периодот 2024-2027 година, поделени во неколку транши. Овие средства ќе бидат условени со реализација на конкретни квалитативни и квантитативни чекори поврзани со мерките за планираните реформи.
Советот на Европската Унија на почетокот од мај 2024 година го одобри Планот за раст на Западен Балкан, кој со обезбедените дополнителни 6 милијарди евра треба да ги поддржи земјите на патот кон членство во ЕУ.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





