Управата за финансиска полиција на оглас бара осуммина инспектори и асистент на директорот
Објавено во: Македонија 01 Декември, 2025 11:46
Управата за финансиска полиција на оглас бара осуммина инспектори - двајца самостојни инспектори, двајца виши инспектори и двајца инспектори за прибирање и анализа на податоци, како и по еден помлад инспектор за соработка со институции и за прибирање и анализа на податоци.
На огласот се бара и асистент на директорот, кој треба да има двегодишно работно искуство, како и да покаже предиспозиции за вршење на работите на финансиски полицаец.
Платата на двајцата самостојни инспектори ќе изнесува 45.820 денари, на вишите инспектори 42.609 денари, а на инспекторите за прибирање и анализа на податоци, 37.979 денари. На оние кои сакаат да бидат помлади инспектори пак, понудена им е плата од 34.936 денари. Најмала плата, или 29.930 денари е предвидена за асистентот на директорот.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“
CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино
Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец
УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?
ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат
Костадинов ги отфрла наводите во кривичната пријава: „Стојам на располагање на надлежните“
Град Скопје со препораки: Затоплувајте се само со суво и чисто дрво





