19 Декември, 2025
0.0608

Урбан живот од поинаква перспектива во City View Condominium

Објавено во: Мои пари 25 Јули, 2017 10:46

Добивај вести на Viber

Зарем не би било совршено речиси секое утро да се будите со сончеви зраци кои допираат во Вашиот дом без разлика на годишното време? Да го испиете првото утринско кафе на чист и свеж воздух, во мирна атмосфера со бесценет поглед кон целиот град и планината Водно истовремено? Да имате семејно катче во еколошки чиста околина надвор од градскиот метеж, но сепак да ги исполнува сите услови за урбано и комфорно домување?

Токму тоа може да го имате сега во својот дом од соништата, единствено во станбениот ресорт City View Condominium. Сместен на левата страна на падините на Водно на надморска височина од 600 метри и опкружен со борова шума, овој елитен станбено-деловен комплекс, нуди сѐ што ви е потребно за совршено домување какво што посакувате.

Ресортот City View располага со 68 станови со квадратура од 45 м/2 до 123м/2.Се простира на површина од 3500 м2 и вкупна станбена и деловна површина од 6180 м2. Хортикултурното уредување вклучува пешачки патеки, зеленило, места за одмор и релаксација, како и придружни детски игралишта. Парцелата е заградена со ограда така што овој комплекс нуди сигурност и безбедност на станарите и ограничен пристап до содржините на комплексот. Сопиште е во регија со најмногу сончеви денови во годината, што подразбира дека апартманите од овој комплекс, со нивните панорамски прозори, се поставени на совршена југоисточна страна.

City View Condominium претставува идеално решение за сите кои се стремат кон мирен и релаксиран живот блиску до центарот на градот, а сепак оддалечен од сите негови негативни влијанија. За повеќе информации посетете ја официјалната веб страна http://cityview.mk/, како и фејсбук страната https://www.facebook.com/CityViewCondominium/

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка