Уреден откупот на државно градежно земјиште со непосредна спогодба
Објавено во: Македонија 12 Ноември, 2012 18:38
Доцна попладнево, Собранието на Република Македонија во рамки на 45-та седница ги донесе измените и дополнувањата на Законот за градежно земјиште и на Законот за градење, а во рамки на оваа седница донесени беа и измените на Законот за просторно и урбанистичко планирање.
Со измените на Законот за градежно земјиште се уредува откупот на државно градежно земјиште преку непосредна спогодба. Непочитувањето на рокот за добивање на одобрение за градба нема да биде услов за раскинување на договорот за продажба на земјиштето, туку само ќе се плаќа казна. Исто така електронското јавно наддавање сега ќе може да трае неограничено, се додека има нови понуди.
Опозицијата и владеачката партија меќусебно се обвинуваа. Првите тврдат дека предложените измени се на штета на општините и дека нивната цел да се олесни криминалот при продавањето на државното градежно земјиште. Вторите пак тврдат дека дека измените не се против децентрализацијата на општините, а појаснуваат и дека парцелите се отуѓуваат преку непосредна спогодба само доколку се работи на изградба на објекти на верски заедници, конзулатски претставништва или доколку лицето има во сопственост над 30% од градежната парцела.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“
CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино
Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец
УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?
ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат
Костадинов ги отфрла наводите во кривичната пријава: „Стојам на располагање на надлежните“





