17 Ноември, 2025
0.0430

Urime Мицкоски: Прв премиер што го победи Ахмети и најверојатно ќе го прати во пензија

Објавено во: Македонија, Анализа 20 Октомври, 2025 17:39

Добивај вести на Viber

Али Ахмети во една прилика самоуверено се фалеше дека сменил и преживеал повеќе премиери од Црвенковски, Бучковски, Груевски, и Заев па се до Ковачевски. Но, таков подвиг не успеа да направи со актуелниот премиер Христијан Мицкоски. Не само што не дојде во позиција да го „потроши“ како премиер, туку Мицкоски успешно оддолеа да не направи Влада со ДУИ и таа политика му носи успеси на повеќе избори по ред.

Локалните избори како што анализиравме и пред гласањето, беа очекувано досадни, со јасен фаворит и со неколку општини кои ја дефинираа политичката борба како Чаир, Струга, Тетово, Центар, Карпош, Куманово и Струмица.

Практично во сите овие општини победија кандидатите на трите владејачки партии ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ, дел во првиот круг, а дел влегуваат во вториот круг со победа.

Како никогаш досега Али Ахмети е пред апсолутен пораз. Токму вчера најголемо славење имаше во Чаир на плоштадот Скендербег. Изет Меџити победи во прв круг во Чаир, го депласираше Бујар Османи од ДУИ и најверојатно му ги помати и надежите дека може да биде иден лидер на интегративците по пензионирањето на Ахмети.

Албанскиот електорат овојпат покажа дека повеќе не трза толку на националистичката реторика и кореографиите со УЧК. Ахмети и неговата коалиција побараа референдум на Албанците за легитимитет на актуелната власт која ја прогласија за антиалбанска и добија јасна порака - време е за нови политики, а не етнички поделби.

Влогот на Мицкоски во неговите партнери од ВЛЕН, особено во Чаир се исплатеше. Тоа што тука не настапи со свој кандидат овозможи Македонците, кои се апсолутно мнозинство во Чаир да станат фактор на одлучување и да имаат значаен удел во четвртиот мандат на Изет Меџити кој повеќе нема да биде вицепремиер во Владата.

Во Тетово фаворит во вториот круг е Касами од ВЛЕН и Менди Ќура кој е поддржан исто така од владејачките партии е фаворит во Струга. ВЛЕН практично победи во сите скопски општини со мнозинско албанско население, а ДУИ свои градоначалници има само во кумановско-липковскиот регион, додека победите во гостиварско ако се оствари цензусот, се должат на крилото на Алијанса предводено од Арбен Таравари.

Ахмети и ДУИ повеќе нема да располагаат со тезите дека Албанците во Македонија ги претставуваат нелегитимни партии, но може да свртат на тезата дека „не може Македонците да одлучуваат за избор на градоначалници го албанските средини“ алудирајќи на фактот дека ВМРО-ДПМНЕ обезбеди значајна поддршка во скопско, тетовско и струшко за кандидатите на ВЛЕН.

Мицкоски повторно укажа дека не планира вонредни парламентарни избори и дека планира да ги спроведе започнатите проекти, иако вака гледано сега тој има повеќе поволности да ја зацврсти својата позиција на нови избори каде би добил уште поубедливо мнозинство и најверојатно обезбедување и на Бандетерово мнозинство. Сепак, со распадот на коалицијата на ДУИ можно е преземање на дел од нивните пратеници што би ја заокружило оваа операција и без нови избори.

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) „ЛОЈАЛНОСТА КОН УСТАВОТ Е ДОЛЖНОСТ НА СИТЕ“: Костадиновски го честиташе Денот на Уставот

(ВИДЕО) „ЛОЈАЛНОСТА КОН УСТАВОТ Е ДОЛЖНОСТ НА СИТЕ“: Костадиновски го честиташе Денот на Уставот

ДА СМЕНАТ ПАТЕНТ, ДА СКРАТАТ ПАНТОЛОНИ, ДА СТЕСНАТ ФУСТАН: Има ли леб од овој занает?

ДА СМЕНАТ ПАТЕНТ, ДА СКРАТАТ ПАНТОЛОНИ, ДА СТЕСНАТ ФУСТАН: Има ли леб од овој занает?

ГО ТУРНАЛЕ НА ЗЕМЈА, ГО УДИРАЛЕ СО КЛОЦИ И МУ ОДЗЕМЕ 8.800 ДЕНАРИ: Еден осомничен за разбојништво во Скопје

ГО ТУРНАЛЕ НА ЗЕМЈА, ГО УДИРАЛЕ СО КЛОЦИ И МУ ОДЗЕМЕ 8.800 ДЕНАРИ: Еден осомничен за разбојништво во Скопје

ПОГЛЕДНЕТЕ КОЛКУ Е ЧАСОТ ПРЕД ДА ФРЛИТЕ ЃУБРЕ: Од денес тапува на сила забраната за фрлање смет од 22 до 6 часот

ПОГЛЕДНЕТЕ КОЛКУ Е ЧАСОТ ПРЕД ДА ФРЛИТЕ ЃУБРЕ: Од денес тапува на сила забраната за фрлање смет од 22 до 6 часот

САЈКОВСКИ ОТКРИВА: Еве зошто ВМРО-ДПМНЕ е толку загрижена за состојбата во која се наоѓа СДСМ

САЈКОВСКИ ОТКРИВА: Еве зошто ВМРО-ДПМНЕ е толку загрижена за состојбата во која се наоѓа СДСМ

МИЦКОСКИ БЕШЕ ВО ОБИКОЛКА: Проверуваше дали Скопје е чисто

МИЦКОСКИ БЕШЕ ВО ОБИКОЛКА: Проверуваше дали Скопје е чисто

МАКЕДОНСКИТЕ СУДИИ РАБОТАТ НАЈМАЛКУ А ЗЕМААТ ПЛАТА КАКО ГЕРМАНСКИТЕ: Еве што велат споредбите со другите земји

МАКЕДОНСКИТЕ СУДИИ РАБОТАТ НАЈМАЛКУ А ЗЕМААТ ПЛАТА КАКО ГЕРМАНСКИТЕ: Еве што велат споредбите со другите земји

ГОЛЕМИ ПОПЛАВИ МУ СЕ ЗАКАНУВААТ НА БАЛКАНОТ: Ќе имаме екстремни врнежи, предупредува Попоски

ГОЛЕМИ ПОПЛАВИ МУ СЕ ЗАКАНУВААТ НА БАЛКАНОТ: Ќе имаме екстремни врнежи, предупредува Попоски

(ВИДЕО) Полицијата натера возач да ги исчисти градежните остатоци што му паѓаа од камионот

(ВИДЕО) Полицијата натера возач да ги исчисти градежните остатоци што му паѓаа од камионот